🎥 📞 Рамчиловиќ: Најлогично е избори да има во средината на јуни

You must need to login..!

Опис

Сметам дека најдобро е Собранието да работеше за да се потврдат двете одлуки на претседателот Пендаровски. Тој при носење на втората одлука ја презеде одговорноста и покрај правните недоречености за да не се сведе се на еден човек, се уште сметам Собранието треба да се врати во нормална функција. Не можам да ја разберам ВМРО-ДПМНЕ која најостро се спротивстави на оваа иницијатива, тука го вклучувам и Џафери, изјави за Утрински брифинг Зеќир Рамчиловиќ, говорејќи за одлуката на Уставниот суд дека нема основ за враќање на пратениците во Собранието.

-Во ваква ситуација добро е највисокиот законодавен орган да биде контролор на Владата, а пратениците да ја носат одговорноста. Сметам дека нашите мандати важат, бидејќи целта е државата при ваква вонредна состојба да има функционален Законодавен дом, изјави Рамчиловиќ.

-Треба да се почитува ставот на експертите и штом тие кажат дека вирусот е под контрола може да имаме избори. Во последново интервју на Мицкоски видов дека ретерира околу ставовите за избори во септември и сега мислењата се приближуваат за датумот на изборите.

-Доколку вонредната состојба заврши на 16 мај, сосема нормално би било изборите да се оддржат на 14 јуни. Правно најлогично е со укинувањето на уредбата, роковите да продолжат и во средината на јуни да имаме избори. Но веројатно на лидерската средба, претседателите на партиите ќе се договорат за датумот, вели Рамчиловиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 − one =