🎥 📞 Мисајловски: Здравството е на колена години наназад, актуелната власт потфрли во тестирањето

You must need to login..!

Опис

На Македонија и требаат избори тогаш кога ќе заврши здравствената криза, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски. Тој во Утрински брифинг денеска, напомена и дека критиките кои своевремено ВМРО-ДПМНЕ ги даваше за Договорот со Бугарија, сега стануваат реалност.

На Македонија и требаат избори тогаш кога ќе заврши здравствената криза, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

„Се наоѓаме во деликатна ситуација, но најважно е здравјето на граѓаните. Се надевам брзо ќе запрат сите ограничувања и ќе влеземе во едно нормално живеење. Но политичка криза како постојано да има и како да излезиме од ова? Прво, да се почитуваат сите мерки од државата за што побрзо да го завршиме овој период. Сега цела држава е влезена во една правна дебата како побрзо да излезиме од ова?

Политички, можеби партиите едвај чекаат избори, но дали изборите треба веднаш да се случат? Тоа е прашање за здравствените работници да ни кажат дали треба веднаш да има избори. Прашањата за како да се продолжи понатаму со вонредната состојба, Собранието… треба веднаш правните експерти да излезат и да го одговорат“, елаборираше Мисајловски.

Тој се осврна на првата лидерска средба кога експертите констатираа дека Претседателот на државата треба да свика вонредна состојба а сега вели повторно се наметнува правна дилема за улогата на Собранието.

„Јас сметам дека за здравјето на граѓаните и овие политички процеси, треба да дадат одговори здравствените работници. Ние сакаме да има избори, но правните дилеми се кој, кога како ќе излезе на гласање. Треба да се најде правен начин како ова да се реши. И претседателот на Собранието изјави дека има правни дилеми дали може да го свика повторно Собранието. Апелирам правниците да не чекаат, уште сега да наоѓаат решение. Не треба да се чека средината на мај, треба веднаш да се најде решение за граѓаните да знаат што ќе се случува. Изборите се за граѓаните не за политичките партии“, напомена потпретседателот на најголемата опозициска партија.

Вели, моментално не може да има избори и за ВМРО-ДПМНЕ, оваа тема не е приоритет.

„Ние не бегаме, сакаме да ги има. Но прашање е дали ќе може да пристапиме кон граѓаните, дали ќе има собири и митинзи, дали избирачките одбори ќе имаат капацитет да се собираат повеќе граѓани во иста просторија а тоа отвора неколку дилеми за здравјето на граѓаните“, потенцираше Мисајловски.

Справувањето на државата со КОВИД-19

Осврнувајќи се на начинот на кој државата се справува со корона вирусот, тој смета дека треба да се вложува во Здравството, за кое вели, е на колена години наназад, и затоа мора да инвестираме во здравјето.

„Главната светска препорака за тестирање, тука потклекнавме. Мислам дека сите тие прес-конференции и податоци на властите не се реалната слика. Треба многу подобро да се поставиме и не треба Владата цело време да излегува на прес-конференции а во исто време да вработува партиски“, рече Мисајловски во Утрински брифинг.

А во однос на неодамнешната декларација на бугарското Собранието, тој рече, сега се гледа зошто опозицијата критикувала.

„Ние во повеќе наврати наназад го критикувавме Договорот со Бугарија, односно баравме реципроцитет. И сега гледаме што се случува. Ние баравме признавање на македонскиот јазик и идентитет и затоа инсистиравме некои работи да бидат дел од тој договор. Макотрпно се боревме, но оваа власт брзо потклекна и преќути некои понижувања. Зошто Владата го крие бугарскиот документ кој утре може да отвори нови прашања? Зошто нашата дипломатија веднаш не реагира? Не може да не понижува некој а нашите ставови да бидат преќутени“, тврди потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × two =