🎥 📞 Деспотовски: Паметни држави размислуваат за периодот по кризата – поддршка на компаниите кои ќе бидат движечка сила на економското опоравување

You must need to login..!

Опис

Во организација на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Регионалниот совет за соработка и Светскиот економски форум минатата недела се одржа работна средба со цел дефинирање следни чекори за реализација на иницијативата за создавање регионален иновациски фонд. На средбата присутни беа и претставници од Европската комисија, Светска банка, директори и претставници на бизнис секторот.

На средбата беше презентиран моделот на функционирање на ФИТР и досега остварените резултати на национално ниво. Ова за Утрински брифинг го истакна, Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој.

Со креирање регионален пазар од над 20 милиони, регионот ќе биде поатрактивен на мапата на инвеститорите отколку фрагментираните пазари. Така регионот ќе докаже и дека е вреден да се инвестира во него. Преку нашиот пример и портфолиото покажавме дека компаниите кои имаат финансиска поддршка покажуваат исклучително висок раст на продуктивноста во однос на претходните години.

Според анализата, кај примерок од над 200 микро до средни компании, просечниот раст на добивката во 2019 е над 70%.

Износот на уплатени средства по различни основи за 25% го надминува износот што државата го уплатила преку ФИТР во 2019.

Значи, расте конкуретноста на фирмите, а истовремено државата има одличен поврат на вложените пари.

Затоа, паметни држави и општества треба и мора во оваа ситуација да размислуваат за она што следи по кризата. Уште сега да креираат мерки за поддршка на компаниите кои ќе бидат главна движечка сила на економското опоравување, локално и регионално, истакна Деспотовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 + seven =