🎥 📞 Брдаровски: Се надевам дека кризава ќе заврши и Вардар титулата ќе ја освои на терен

You must need to login..!

Опис

Секој играч тренира индивидуално. Со ништо не може да се замени заедничкиот тренинг. Индивидуалниот тренинг е само начин да се оддржи кондицијата. Ние играчите искрено се надеваме дека за брзо ќе се вратиме на терените.

Сакаме да го довршиме првенството и на терен да ја освоиме титулата. Ништо не е завршено, има уште 13 кола до крај. Не би сакал да ги потценам другите екипи и се додека и званичнио не станеме шампиони се е можно, изјави за Утрински брифинг фудбалерот на Вардар, Владица Брдаровски.

Коронавирусот придонесе за големо намалување на договорите. Очигледно е дека ќе има голема криза во овој спорт и се надевам дека ова ќе се заврши што е можно побрзо, вели Брдаровски.

-Мојот совет до сите млади фудбалери е да бидат дисциплинирани и да работат секој ден. Од оваа професија можеш многу да добиеш, изјави Брдаровски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

six + thirteen =