🎥 📞 „Брако“ не отпушта работници иако некои нарачки од странство се стопирани – недостигаат ликвидни средства

You must need to login..!

Опис

Во услови во кои се наоѓаме, со многу предизвици околу пандемијата, со многу економски искушенија, не успеваме или не заслужено не доаѓаат во центарот на внимането компаниите кои го оддржуваа производството, имаат свој ритам ги оддржуваат своите економски размени со моќните држави.

Брако е компанија сместена во Велес. Југословенски бренд и после приватизацијата македонски бренд кој формира и своја компанија во Белград, Србија.

„Иако имавме рок за изведба од 21 ден, предизвик ни беше да го изградиме КОВИД центарот во рекордно време. Со добра организација, водени од желбата да го ставиме во функција објектот што побрзо за да може да се зајакне здравствениот систем согласно потребите – го произведовме и монтиравме со „клуч на рака“ за 14 дена. Кога останатите технолошки напредни земји покажаа дека во вонредна состојба може индустријата брзо да реагира, сакавме да покажеме дека и ние можеме. Брзото производство и изведба е благодарение на посветениот тим во „Брако“ – инженерите и работниците, како и високософистицираната технологија која ја користевме при изработката“, вели Александар Наумов, директор на одделот за метални конструкции, задолжен за изработка на проектот.

За изградбата на модуларната болница, швајцарската влада донираше 200.000 франци, но во овој проект „Брако“ се откажал од својата заработувачка.

Новата модуларна болница има капацитет од 12 болнички соби, секоја од нив опремена со 6 легла. Во самиот компекс се инсталирани тоалети, туш кабини, соби за персонал, и целиот објект е поврзан со Инфгективната клиника и паиентите можат до таму да се пренесуваат во затворени ходници, вели Наумов.

Околу економијата и ударот од КОВИД-19 врз неа, Наумов вели дека минатиот бележат пад на продажбата и производството.

-За жал ниту големите економски експерти не можат да предвидат како ќе се одвива оваа ситуација понатаму. Целиот свет е во дилема и тоа влијае во економијата. Ние како Брако даваме максимум во задржување на континуитет на производство а со тоа и задржување на бројот на вработените и надеж дека се ова со Коронавирусот ќе заврши, изјави Наумов.

Во Утрински брифинг гостуваше и Иле Атанасов, човекот кој го води „Брако“ низ вториот сегмент – валоризација на светските пазари.

-Во делот на медицинските помагала кои ги произведуваме за светските пазари нормалнио е во услови на ваква пандемија да има зголемена побарувачка на овие помагала. Тоа е нешто што нас ни овозможи да продолжиме да работиме во тој дел. Ги задржавме сите работници на своите работни места, земаат цела плата. Оној другиот дел, со возилата, таму има намалена побарувачка, па дел од работниците ги прелоциравме во медицинскиот програм. Донесовме една храбра стратегија да не намалуваме број на вработени, туку овој период да работиме за залиха. Тоа прави дополнителни потешкотии, треба да се врзат финансиски средства, да се дадат плати, но сме убедени дека по завршувањето на оваа криза ќе имаме пласман и ќе се вратиме во нормала и нормално функционирање.

-Количките за аеродромски транспорт се најафектирани од оваа криза. Таму нарачките се целосно запрени и производство е запрено во тој дел, но како што реков ги релоциравме работниците и си земаат цела плата.

-Новите модели на Грин Машинс со нивниот електронски управувач, веќе ја покажаа нивната вредност во тешката секојдневна работа. Без издувно загадување, се разбира. Во комбинација со електрична енергија која е генерирана од соларна енергија, енергија од ветер или вода, создаден е концепт на чистење кој им користи на многу населби и градови со долготраен ефект, особено на ефтината почетна верзија на 500ze во споредба со цена на обичен метач, вели Атанасов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

8 + 8 =