🎥 📞Спасов (Рејтинг): Дури 80 отсто од граѓаните сметаат дека државата добро се справува со корона вирусот

You must need to login..!

Опис

Испитувањето на јавното мнение покажува интересен тренд, на враќање на довербата кај институциите, изјави во Утрински брифинг, Никола Спасов од Агенцијата „Рејтинг“.

„Пред се мислам на Министерството за здравство а потоа и целиот државен апарат кој се бори со корона вирусот. Анкетите, и нашата и од други институти покажуваат околу 80 отсто поддршка од граѓаните за начинот на кој државата се справува со вирусот. Од тој аспект, се враќа довербата во институциите и тоа е тектонско поместување на јавното мислење за разлика од  предизборниот период кога партиите беа активни. Сега состојбата е сменета.  Довербата во владата има пораснато значително, но ќе се види дали тоа е моментално и дали ќе се преточи во изборите“, анализира Спасов.

Тој смета дека СДСМ во овој момент може да добие повеќе гласови на бранот на добро справување со кризата, во услови кога две клучни работи кои го притискаат СДСМ веќе не се на сцена, односно случајот „Рекет“, кој го снема од јавноста и кампањата со датумот за ЕУ.

Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ, вели Спасов, очекува политички да профитира доколку сериозен еконоски бран ја погоди државата.

Спасов изрази сомнеж и за начинот на пресметки на реалните бројки во справување со кризата, на глобално ниво.

„Кај нас се земаат посмртни брисеви кои покажуваат дали некој имал корона или не и тие се бележат како починати од корона. Сите земји не прават вака, така што смртноста кај некои земји може да покажуваат повисоки бројки. Нема унифицираност меѓу државите и затоа има различни бројки. Аспектот на бележани за починати од корона е голем проблем“, нотира Спасов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × two =