🎥 📞Смаиловиќ: Пораснат е бројот на социјално загрозени кај кои помагаме

You must need to login..!

Опис

Зголемен е бројот на луѓе на кои им е потребна хуманитарна помош. Во периодов не помагаме само на социјални случаи туку  и на семејства кои останале без плати, изјави во Утрински брифинг утрово Мерсиха Смаиловиќ од невладината „Легис“.

„Работиме со поголем интензитет, поголема солидарност но се соочуваме и со поголеми предизвици, како што е се поголемиот број на граѓани на кои им е потребна хуманитарна помош. Зголемен е бројот, не се само социјални случаи, туку семејства кои живееле со по една плата и кои немаат работа од март поради корона вирусот. Бројката станува се поголема. Тоа се семејства кои поради малите примања ниту можеле да тргнат заштеда на страна“, вели Смаиловиќ.

По повод месецот Рамазан, месец на солидарност, невладината „Легис“ и годинава дели ифтар, односно вечера во бегалските кампови, а сега се фокусирани на бегалците заглавени во Центарот за азил.

Нејзина проценка е дека справувањето со корона-вирусот допринело за враќање на довербата на граѓаните пред се во Здравството.

„На тест беше нашата доверба во институциите и со оваа криза се враќа некако довербата. За среќа не се соочуваме со катастрофални бројки, па слушајќи ги луѓето, имаат доверба во здравствените работници и министерот Филипче и мислам дека добро се снајдовме“, вели активистката Мерсиха Смаиловиќ.

Во однос на социјалните мерки, смета дека брзо се реагирало, дека процедурите за добивање помош од државата не се долги, но службите се тие кои малку ја попречуваа работата.

„Администрацијата е малку побавна работејќи од дома. Генерално сметам дека има добро движење и проактивност од институциите“, изјави Смаиловиќ од „Легис“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 − 1 =