🎥 📞Ниту еден казнет за криволов на балканскиот рис изминативе 30 години

You must need to login..!

Опис

Во Македонија има околу 30 возрасни единки на балкански рис, кои имаааат посебни територии, бидејќи се територијални животни. Можат да се најдат во заадните планински предели а за неогово зачувување пред се е важно да се запре со криволовот, вели Диме Меловски, раководител на програмата за заштита на дивите животни при Македонското еколошко друштво.

Тој во Утрински брифинг зборуваше на неколку теми врзани со рисот.

„Балканскиот рис главно го има во западниот предел на планините во Македонија, од Шар Планина, до Пелистер и Галичица, Јакупица и Јасен. Досега размножување освен во Националниот парк Маврово, имаме сретнато и на Караорман, Шар Планина, Јабланица и уште некои други предели. За да се зачува балканскиот рис, треба целосно да прекине криволовот на рисот, бидејќи популацијата е премногу мала и ниту една единка не смее да се дозволи да ја снема. Друга работа е да се овозможи добра густина на неговиот плен. Доколку ловиштата имаат добри менаџмент планови, дивечот за предаторот брзо може да се размножи. Исто важен аспект е и зачувувањето на природните средини“, изјави Меловски.

Освен криволовот, крадењето на камери со кои се следи балканскиот рис и непостопаувањето на полицијата  и покрај постоечки докази се сериозни предизвици за Македонското Еколошко друштво.

„Ниту една од украдените камери досега не била вратена. Иако има натписи на камерите, сепак има несовесни граѓани. Но најголемата закана е кога некој ќе залови рис. Рисот е заштитен со закон уште од 1949, огромни се казните, меѓутоа до сега иако имаме доста докази, никогаш не било постапено и никој ниту бил казнет парично, ниту завршил во затвор“, потенцира Мелковски.

Од државата, вели Меловски, поддршка имаат во однос на давање дозволи за истражување, но финансиска помош не.

„Целиот буџет од програмата за зачувување на балканскиот рис е дело на приватна швајцарска фондација. Има кофинансирања од други странски ентитети, но од Македонија финансиска поддршка нема“, вели Меловски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

3 × four =