🎥 📞Андоновиќ: Тивка воена инвазија на САД во Венецуела- Пентагон негира вмешаност

You must need to login..!

Опис

Пентагон ги негираше обвинувањата на претседателот Николас Мадуро дека владата на САД стои за наводниот обид за воен напад врз Венецуела.

Претходно и американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли обвинувањата од властите во Каракас дека САД извеле неуспешен обид за вооружена инвазија врз Венецуела.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги обвини САД дека започнале вооружена инвазија врз оваа Латино американска држава со зел да го урнат од власт легетимно избраниот претседател.

Според Мадуро, венецуелската армија открила и упасила група вооружени припадници на американската приватна воена организација „Силверкорп“ која имала задача да изврши атентат врз претседателот Николас Мадуро, кој иако легитимен, сепак не е признаен од страната на САД и западните држави.

Во акцијата биле откриени и уапсени 13 вооружени припадници на приватната воена организација Силверкорп предводена од еден поранешен воен ветеран на војската на САД.

Венецуелските власти соопштија дека оваа воена организација има распоредено голем број на вакви мали вооружени групи низ Венецуела, а главна задача им е да извршат атентат врз претседателот Мадуро и да изведат воен преврат и смена на власта во Венецуела. Засега, барем јавно останува нејасно кој ја ангажирал американската приватна воена организација „Силверкорп“ за инфилтрирање во територијата на Венецуела, како и за тоа кои биле вистинските намери на оваа наводна акција. Вашингтон изминатава година на неколкупати се закануваше дека воено ќе ја нападне Венецуела со цел да го тргне од власт Николас Мадуро и на мегово место да го постави актуелниот престедател на собранието на Венецуела Хуан Гуидо.

Гуидо ужива голема подршка од САД и западните држави, и се смета дека доколку дојде на власт, ќе ја донесе западната демократија во оваа комунистичка Јужноамериканска држава. Мадуро пак е наследник и спроведувач на политката на починатиот претседател Хуго Чавез, кој важеше за голем противник и непријател на американската политика.

Николас Мадуро ужива поддршка од Русија чии компании стопанисуваат со нафтените капацитети на Венецуела, држава која е четврта во светот по производство и резерви на нафта и гас. Оттаму и влогот кај светските супер сили е голем за тоа кој ќе ја контролира Велецуела.

Покрај енергенсите, САД геостратешки се обидуваат да ја спречат Венецуела да стане нова Куба, држава во непосредна близина на границите на САД која е под туѓо политичко и бизнис влијание во случајот на Москва, би можела да и наштети на американската глобална политика.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × 3 =