🎥 📞Андоновиќ: Србија ја укина вонредната состојба – Путин и Трамп со намален рејтинг поради коронавирусот

image

You must need to login..!

Опис

Србија ја укина вонредната состојба која беше воведена на 15 март и од денеска веќе нема никакви забрани за движење ниту пак полициски час. Остануваат на сила вонредните и превентивните мерки и следење на епидемиолошката ситуација. Српското собрание едногласно ја усвои оваа мерка. Србија ќе оди на избори на 21 јуни два месеци откако во првиот закажан термин 14 април изборите беа пролонгирани поради пандемијата на коронавирусот

Наспроти Србија, Италија, Франција и Шпанија ја продолжија вонредната состојба за уште две недели. И Италија и Шпанија како најпогодени европски држави изминатово деноноќие регистрираа пораст на новозаболени од коронавирусот. Сепак според проценките бројот на излекувани е поголем од бројт на новозаболени што укажува дека минува првата фаза од пандемијата.

Остануваат предупредувањата за внимателност за да се спречи евентуален нов бран на коронавирусот.

Во светот досега се заболени околу 4 милиони луѓе од Ковид вирусот, а починаа 264.000 од кои 144.000 во Европа.

Во меѓувреме, САД продлжуваат со обвинувањата дека Кина можела да ја спречи смртта на илјадници луѓе во целиот свет доколку се однесувала потранспарентно за новиот коронавирус, Американскиот државен секретар Мајк Помпео обвини дека наместо тоа земјата го прикрила избувнувањето на вирусот во Вухан, како и дека „Кина сè уште одбива да ги сподели информациите, неопходни за луѓето да бидат безбедни“.

Претходно американскиот претседател Трамп се закани дека ќе ја казни Кина, барајќи отштета од 1000 милијарди долари поради штетите, кои коронавирусот ги направи на американската економија. Како дел од серијата казни кон Кина, Трамп најави дека нема да и ги врати долговите кои САД ги имаат кон Кина и дека ќе воведе дополнителни царини за кинеските прозиводи.

Пекинг денеска реагираше опоменувајќи дека САД не треба да ги злоупотребуваат царините како оружје и средство за присила, бидејќи тоа негативно ќе влијае врз двете држави. Пекинг смета дека обвинувањата за намерно ширење на вирусот, неосновани и шпекулативни. Одредени анализи укажуваат дека Трамп во обид да се извлече од лошото справување со кризата од коронавирусот, сака да ја префли вината на Кина.

Лошото справуваање, игнорирањето на предупредувањата и големиот број на починати од Ковид во САД го чинеше Трамп пад на рејтингот и тоа во пресрет на претседателските избори закажани за 3 ноември.Дополнителен удар за рејтингот, Трамп го доби од синоќешната резолуција на конгресот со која му се одзема правото на претседателот на САД да може сам да испраќа трупи за „непријателско дејствување против Исламската Република Иран” или „кој било дел од неговата влада и војска” без „експлицитно одобрување” на Конгресот во форма на изјава за војна или специјално одобрување. Текстот на Резолуцијата беше одобрен од двата дома на Конгресот, благодарение на поддршката на дел од членовите на Републиканската партија.Резолуцијата Трамп ја оцени како стратегија на демократите за победа на изборите на 3 ноември со обиди за разединување на Републиканската партија”. Трамп предупреди и дека резолуцијата „ќе нанесе многу штета на можноста на претседателот да ги заштити” САД и сојузниците. Од друга страна, демократите сакаат да му оневозможат на Трамп да изведува воени акции низ светот и преку нив да го подига својот намален рејтинг во пресрет на изборите.

Со намален рејтинг се соочува и Рускиот престедател Путин кој според некои анкети има најниска поддршка од народот во изминатите 20 години.

Причина за намалениот рејтинг е епидемиолошката состојба во Русија каде епидемијата на коронавирусот не слабее, туку состојбата од ден во ден е сѐ полоша, Тој е обвинет дека ја потценил опасноста од корнавирусот и дека не презел мерки за негово ставање под контрола.

Анкетите покажуват дека бројот на луѓето кои го поддржуваат Путин паднал на 59 отсто откако минатиот месец уживал подршка од 63 отсто што се семта за еден од најслабите рејтинзи на Путин откако во 1999 година за првпат стана премиер.

Сепак поддршката за Путин е сѐ уште висока и засега нема знаци дека наскоро некој може да ја урне неговата 20 годишна политичка доминација во Русија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × 1 =