🎥 Филип Николовски: Публиката ќе мора да усвои нова етика на однесување

You must need to login..!

Опис

По неколку месеци пауза се реактивираше Младинскиот културен центар во Скопје со програми што не се онлајн. За викендов најавуваат филмски проекции на отворено „Кино на трева“ и други настани.

„Полека почнуваме со креација, со реализација на програмата. Се активираме на отворен простор, во паркот зад МКЦ, каде ќе има проекции на два филма вечерва и утре. Пред две недели започнавме со галериската дејност, што значи дека полека се враќаме во форма. Вечерва во галеријата имаме отворање на изложбата на Весна Ничевска.

Секако сите настани ќе бидат реализирани со максимално почитување на Протоколот на заштитните мерки пропишани од здравствените власти. Ќе се трудиме максимално да ги почитуваме и на публиката да ѝ наметнеме една нова етика на однесување на настаните“, рече Филип Николовски, програмски директор на МКЦ.

Тој рече дека Протоколот за организирање настани е прилично обемен и детален и ги дефинира позициите од влез до излез на публиката и се труди да ја едицура публиката да ги применува мерките за заштита. Николовски ги најави и планираните настани на МКЦ: „Џез крај Вардар“ на 23 и 24 јули, одбележување на 26 јули, денот на скопскиот земјотрес, а во текот на август планирано е да се одржат фестивалите „Здраво млади“ и „Прво па женско“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × one =