🎥 Скопски агол: Капитол Мол утре ги отвора вратите – преземени се сите потребни мерки за заштита

You must need to login..!

Опис

Затворените трговски центри почнуваат со работа од утре, по двомесечна пауза, поради коронавирусот. Скопски агол на Утрински брифинг денес од пред Капитол мол, во разговор со Оливера Дебарлиева, ги открива деталите, како ќе функционира објектот по отворањето.

Согласно препораките, од утре почнуваме со работа, но под строги услови. Ќе се внимава на бројот на луѓе кои смеат истовремено да бидат во трговскиот, како и во секоја продавница одделно. За оваа потреба, имаме поставено систем за броење, така што во целост ќе ја исполниме мерката на Владата, вели Дебарлиева. Променет ќе биде и начинот на досегашното купување.

Работите ќе бидат многу променети, и сите треба да се навикнеме на тоа. Обезбедувањето ќе внимава да нема групирање, туку секој да ја заврши својата работа и да излезе од објектот. Исто така, облеката нема да може да се пробува, со цел да се намали ризикот од ширење на вирусот, рече Дебарлиева. Трговските центри ќе работат од 10 до 18 часот, а во неделите нема да работат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 − 16 =