🎥 Скопски агол во Кисела Вода, некогашната депонија, се претвори во парк

You must need to login..!

Опис

Големата депонија, која со години го нагрдуваше просторот долж железничката пруга во населбата 11 Октомври, стана парк. Градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, денеска во Скопски агол на Утрински брифинг информираше дека активностите ќе продолжат се до конечното уредување на паркот.

Паркор го уредуваме во сорабитка со Град Скопје. Завршувме со чистење, уредување и зазеленување на просторот од 16.000 метри квадратни. Засадена е трева, а во есенската акција ќе се засадат дрвја. Предвидено е да се насадат над 150 листопадни и 240 зимзелени садници, како и околу 400 украсни грмушки“, рече Темелковски. Тој додаде и дека во завршба фаза е реконструкцијата на трим патеката, а најави реконструкција и на останатите паркови. Работиме на реконструкција на трим патеката, во должина од 2.200 метри. Патеката ќе ги поврзува паркот во 11 Октомври со паркот во Цветан Димов, на кој што работиме во моментов.

Планираме да поставиме и клупи, а што се однесува на реконструкцијата на парковите, работиме на промена на чешмите и фонтаните во паркот, веднаш штом ќе заврши јавниот повик за набавка ќе ги промениме чешмите во ” Шопен”, како и во останатите паркови, објасни Темелковски. Што се однесува на иницијативата, да не се плаќа ат сметките за градинка за месеците април и мај, Темелковски рече дека ќе се разгледа иницијативата, на следниот Совет на општината.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 − 10 =