🎥 Противниците на ДУП-от се без аргументи, “не ми се допаѓа” не е причина да не се донесе ДУП

You must need to login..!

Опис

Во општина Центар вчера се одржа презентација на Деталниот урбанистички план за мал ринг. Донесувањето на планот предизвика интерес и противење кај дел од јавноста и друштвото на архитекти. Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ денеска во Скопски агол на Утрински брифинг рече дека противниците на ДУП-от се без аргументи.

– Досега не сме добиле ниеден валиден аргумент, освен дека не им се допаѓа планот. Затоа е јавната расправа, за да дојдат у да кажат што не им се допаѓа. Не може паушално, мора да се дојде на јавна расправаби да се каже што е спорнк во планот. И мене некои работи не ми се допаѓаат, но мора сите да бидеме свесни дека не дојдовме тука на празна ливада, па да можеме да правиме што сакаме, рече Богдановиќ.

Тој потсети дека вчера се одржа јавна презентација на Деталниот урбанистички план. За да можеме да ги консултираме граѓаните ги викнавме на јавна расправа. Овој план ќе помогне за да одговараат пред закон одговорните за тоа што се случувало во минатото. Планот кој што сега е на сила е од 2012 година, за да не продолжат градбите од Скопје 2014 мора да донесеме нов, кој ќе трпи мали измени, како што ќе завршуваат одредени процеси.

Јавната анкета завршува на 31 јули, но тоа не значи дрка нема и понатаму да продолжиме со јавна презентација на планот. Мене ми е важно луѓето кои се најгласни, да учествуваат во јавната расправа, а не само да го критикуваат планот без конкретни решенија, рече Бoгдановиќ.

Тој додаде дека на презентацијата имало претставници од Асоцијацијата на архитекти и од Академијата на архитекти.

– Имаше забелешки, кои најмногу се однесуваат на личните парцели. Забелешките ќе бидат разгледани и дел ќе бидат прифатени, објасни Богдановиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × four =