🎥 Неформалното образование, се поактуелно кај граѓаните

You must need to login..!

Опис

По завршувањето на првиот уписен рок, резултатите покажуваат дека и оваа година, идните средношколци најголем интерес покажуваат за гимназиско образование. Сепак, сите кои не успеваат да ја реализираат својата кариера, се одлучуваат за неформално образование.

Љубица Трифунова Ѓорѓиева, менаџер и едукатор во Центар за едукации, Акт, во Скопски агол на Утрински брифинг зборува за интересот на граѓаните за неформално образование. – Последниве години забележуваме се поголем интерес за нашите обуки. Тоа најмногу се должи на неможноста граѓаните да најдат работа по завршување на формалното образование, вели Трифунова-Ѓорѓиева. Таа додава дека сертификатите се признати од МОН.

Работиме со два типа дипломи. Сертификат кој го даваме како потврда за завршена обука, кој потоа се верификуваат во Министерство за образование и наука. Тоа значи призната државна диплома која се стекнува на тој начим што по завршување на обуката, се формира стручна комисија од центарот за образование на возрасни, пред која што се полага и теоретски и практичен дел.

По сумирање на бодовите се добива диплома која што е призната насекаде, вели Трифунова. За овие обуки се интересираат и возрасни лица, над 40 години, а најрано обука можат да посетуваат од 16 години. – Овие обуки се краткотрајни и завршуваат за три месеци. Со цел учениците да го добијат потребното знаење и вештини, ние ги праќаме на пракса, кај наши соработници, вели Љубица.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 − four =