🎥 Кристијан Ристески: Ако сакаат да успејат, македонските филмаџии мора да играат по правилата на европската кинематографија

You must need to login..!

Опис

Новиот македонски игран филм „Снежана на крајот умира“, кој е во фаза на пост-продукција, е еден од осумте селектирани филма во програмата „Work in Progress“ во рамките на индустриската секција на престижниот Меѓународен филмски фестивал во Карлови Вари. Режисерот и сценарист на филмот, Кристијан Ристески, за УБ вели дека во оваа програма се избираат филмови кои не се целосно завршени но кои имаат потенцијал и уметнички вредности со цел да станат повидливи и добијат шанса да се пробијат до големите фестивали. „На фестивалите стигнуваат и по 10 илјади апликации, а оваа програмата служи да им се прикажат овие филмови на луѓето што ги донесуваат одлуките во индустријата, најчесто тоа се програмери на фестивали, дистрибутери и на тој начин понатаму тие филмови добиваат шанса да имаат поуспешен живот и фестивалски и да бидат продадени во што повеќе земји.

На нашиот филм ова му е петти ваков настан на кој учествува, но најголем досега, првпат на фестивал од А категорија“, вели Ристески. Филмот се снмал мината година на урбани локации во Скопје. „Снежана на крајот умира“ е во продукција на „Вертиго Висуал“, продуцент е Дарко Попов, а главните улоги ги играат: Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Ивица Димитријевиќ, Денис Абдула, Тино Костадиновски и Давид Јанакиев. „Филмот е приказна за тоа колку е тешко да се остане нормален, чесен и верен на своите вредности во морално корумпирани средини. Жанровски, се работи за социјална драма, завиткана во амбалажа на апсурдна комедија.

Се состои од три приказни за три групи на луѓе, една мува, едно прасе, една клозетска шолја и еден град, чии патишта се допираат и меѓусебно си влијаат“, рече Ристески. Според него успехот на македонските филмови во последните години се должи на тоа што и авторите и продуцентите, при промоцијата и продукцијата на филмовите се придржуваат до правилата кои важат за целиот европски филмски пазар. Филмот „Снежана на крајот умира“ ќе биде завршен на почетокот на идната година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two + 20 =