🎥 Колариќ за Скопски агол: Шилегов ги злоупотребува парите на граѓаните за партиски вработувања

You must need to login..!

Опис

Светлана Колариќ, советничка од редовите на Град Скопје која важи за гласен критичар на градската власт, денеска во Скопски агол на Утрински брифинг зборуваше за времените вработувања во Дрисла, Комунална хигиена и ЈСП. Како што вели таа, станува збор за непотребни вработувања, кои ќе се искористат за гласови на парламентарните и локалните избори.

Станува збор за околу 300 000 евра за вработувања во Дрисла и 140 000 евра за Комунална хигиена. За ЈСП не е познато се уште колку пари ќе се потрошат за вработувања. Овие пари се всушност поткуп за гласови, ако се земе во предвид дека вработувањата се за периодот август 2020- август 2021, односно ќе ги опфати и парламентарните и локалните избори, вели Колариќ. Таа објаснува дека Градот нема апсолутно никаква потреба од овие вработувања.

Кога пред три години Петре Шилегов седна во градоначалничката фотеља, постојано зборуваше за партиски превработувања во Градот Скопје и во јавните претпријатија. Очигледно тоа го заборави, бидејќи постојано објавува јавни повици за вработувања во Градот Скопје и јавните претпријатија. Пред само неколку месеци Дрисла имаше потешкотии во работењето, за што градот и помогна со околу 300 000 евра, а сега веќе ќе вработува нови кадри. Од друга страна, нема никаква промена во работењето во однос на инвестиции, додава Колариќ. Таа се осврна и на реконструкцијата на улицата Александар Урдаревски како и на депонијата во Ново Село.

Минатата година оваа улуца се правеше шест месеци. Сега се копа асфалтот и се вади тампонот. Треба Шилегов да одговори со чии пари два пати за две години ја прави истата улица и што е причината за вакво недомаќинско работење. За депонијата, ако еднаш се исчисти, а потоа не се работи на санкционирање на прекршителите, апсурдно е да се зборува за менаџирање на депониите. Нема за погрешам ако кажам дека во игра се локалните комунални претпријатија кои наместо на Дрисла, отпадот го депонираат на диви депонии, бидејќи на овој начин се штитат парите на локалните самоуправи, нагласи Колариќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13 + 9 =