🎥 Кекеновски: Комплетна трансформација на уставниот суд, одземање на имунитетот на пратениците, судиите, премиерот

You must need to login..!

Опис

Навистина е тешко во овие избори да имате медиумска застапеност и видливост. Имаме дискриминирачки изборен законик кој е донесен со помош на Европа и ја користам приликава да им упатам прашање дали има ваква застапеност на политчките субјекти и кај нив. Немаме доволно простор каде што би ги промовирале своите ставови, а сето ова е одразено преку големите телевизии каде простор најчесто имаат двете партии, изјави во Утрински брифинг универзитетскиот професор Јове Кекеновски од Единствена Македонија.

-Социјалните медиуми се просторот каде што успешно ја водиме кампањата, секако тука е и теренската работа каде редовно разговараме со народот. Нас ни треба избор на народни избраници, а сето ова до сега се послушници на политичките раководства. Дали да притиснат црвено или зелено им кажува нивниот лидер.

-Ниту еден пратеник кој што ќе биде избран, верувајте тој не знае каде му е општината, кој му е градоначалник. Ние сакаме да направиме спона помеѓу локалната и централната власт, вели Кекеновски.

-Ние први се заложивме да му се одземе имунитетот на пратеникот. Чуму му е имутитет ако стори кривично дело. Имунитет треба да им биде одземен и на сите судии, членови на судскиот совет, премиерот. Уставниот суд мора да доживее комплетна трансформација. Не смее да биде политички суд што ќе чека што ќе му кажат тоа да направи. Проблемот е во изборот на судиите. Имаме судии кои се чувствуваат како должмници кон оние што ги предложиле. Мора да се променат уставни одредби со цел да се изберат стручни и компенетни уставни судии, изјави Кеккеновски говорејќи за дел од програмата на Единствена Македонија.

-Сметам дека поради некомпететност ние 30 години ја градиме шпругата кон Бугарија. Жално после толку време истото да го ветуваме. Ние се заложуваме дека доколку дојдеме на власт тоа ќе го завршиме. Сериозна аномалија е и подоброто третирање на странските инветитори од домашните. Тоа ќе мора да се поправи. Јас честопати во сите овие години говборам дека имаме гломазна админситрација. Се заложуваме за мала, но квалитетна администрација која ќе работи стручно и професионално.

-Не смее политичките партии да бидат главни работодавачи. Тоа мора да се укине. Државата не ни функционира во сегментот на економијата и разбирливо е зошто граѓаните бараат од политичите партии вработување. За мене е недостоинствено и жално некого да искористувате во политичка кампања луѓе кои подоцна некој партиски војник ќе им го земе работното место, изјави во Утрински брифинг, универзитетскиот професор Јове Кекеновски од Единствена Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fifteen − five =