🎥 Здружение Љубезност: зголемен е бројот на баратели на помош и хуманитарни пакети

You must need to login..!

Опис

Пандемијата од вирусот Ковид 19 предизвика сериозни финансиски потешкотии на голем број од граѓаните, кои остаа без работа или ум беа намалени платите. Тони Станковски ид здружението Љубезност денеска во Скопски агол, на Утрински брифинг, нагласи дека како резултат на кризата, значително е зголемен бројот на граѓани кои од нив бараат помош.

Оваа ситуација е предизвик како за целото општество, така и за нас. Меѓутоа, се прилагодуваме на ситуацијата. И во нормални услови, посетуваме луѓе кои се на раб на егзистенција. Но, уште на почетокот на кризата, нашите активности се зголемија за околу 20 проценти. И покрај тоа што сме здружение со ограничени ресурси, се обидуваме да им помогнеме на сите кои се нашле во тешка ситуација, вели Станковски. Тој додава дека при одлуката кому ќе му помогнат, не игра голема улога состојбата во која се наоѓа домот.

При посета на семејствата кои не контактираат, сфаќаме дека голем број семејства живеат во уредени домови. Но, тоа не е пречка да им помогнеме, бидејќи од разговорот на социјалните работници со нив, дознаваме дека тие пред кризата живееле нормален живот, но сега се наоѓаат во безизлезна ситуација. Затоа се обидуваме, според нашите можности да им помогнеме на сите, додава Станковски. Тој ги повика сите на кои им е потребна помош, да ги контактираат преку нивната Фејсбук страна. А истото можат да го направат и заинтересираните донатори.

Во првиот месец и половина забележавме стагнација во однос на донациите. Мислам сека тоа се должеше пред се на финансиската несигурност и на самите донатори. Но ситуацијата полека се стабилизира, така што повторно добиваме донации, како од компании, така и од граѓани. Сите кои сакаат да донираат или им е потребна донација, нека не контактираат преку телефонскиот број кој што е оставен на фејсбук страната, на која ќе го најдат и нашиот телефонски број, објасни Тони Станковски од Љубезност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five + 5 =