🎥 Граѓаните упорно непрописно фрлаат отпад- 500 кубни метри некомунален смет собрани во Скопје

You must need to login..!

Опис

На повеќе локации на територијата на градот Скопје, граѓаните на јавни површини минатата недела одложиле над 150 стари кревети, триесетина електрични шпорети, околу 100 собни врати, повеќе од 50 тоалетни школки, лавабоа и кади, градежен шут, но и органски отпад – мрши од кучиња, мачки, кокошки, информира денес во Скопски агол, на Утрински брифинг, портпаролката на Комунална хигиена, Ана Марија Бранѓолица.

Само минатат недела екипите на Комунална хигиена отстранија енормни 500 кубни метри, непрописно депониран отпад, односно надвор од садовите кои што се поставени од претпријатието. Тоа претставува директно кршење на Законот за јавна чистота и подлежи на санкции, но ние немаме инспекциски сектор и не сме во можност да ги казнуваме прекршителите. Затоа апелираме до надлежните инспекциски служби да бидат поажурни во санкционорање на прекршителите, истакна Бранѓолица. Таа потсети дека во Карпош и во Вардариште граѓаниѕе имаат можност сами или со помош на претпријатието да го депонораат кабастиот отпад. Што се однесува на сликата од преполни контејнери, Бранѓолица вели граѓаните да го почитуваат терминот назначен за одлагање на отпад. -Доколку сите ги почитуваат насоките, и сметот го одлагаат во пропишаното време, контејнерите нема да бидат преполни. А во спротивно, ако веднаш откако по поминувањето на камионот, се фрла ѓубре, резултатот ќе биде, полни контејнери, вели Бранѓолица и додава дека проблемот со палењето на контејнерите се уште не е надминат.

Забележани беа случаи кога за време на полициски час веа опожарени контејнери. За тоа веднаш пријавивме, но за казните на прекршителите не би можела да зборувам. Можеме само да апелираме до граѓаните да не фрлаат запаливи материи во контејнерите, и секако да не помислуваат намерно да ги запалат, вели Бранѓолица.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 + 8 =