🎥 ГАК: Пациентите ни се закануваат ако ги ставиме во изолација

You must need to login..!

Опис

Вчерашниот скандал во гинеколошко акушерската клиника, во кој докторка не пријавила дека во семејството има позитивен на Ковид 19 и дошла да се породи, резултираше со ставање во изолација дел од медицинскиот персонал.

– Станува збор за млада пациентка на 27 годишна возраст, првородка која што не ги пријавила своите контакти во пријавата која се потполнува со морална и кривична одговорност. Затоа успеала да помине низ Триажниот центар и примена е на Одделот за патолошка бременост. Таму ги ставила во опасност и себе и своето бебе, останатите пациентки и лекарскиот персонал. Како последица на тоа, правиме нови списоци, реорганизација. Пациентките не треба да се грижат, ќе им биде пружена нега по сите протоколи, иако дел од персоналот сега е во самоизолација, рече Јовановска.

Таа нагласи дека пациентките кои биле во иста соба со докторката се ставени во изолација.

– Пациентките се ставени во изолација, токму поради неодговорното однесување на докторката, за која не се знае дали навистина е докторка, бидејќи не е регистрирана во Лекарската комора, иако во пријавниот лист напишала дека е докторка. Се уште е рано да се прават тестови бидејќи можат да дадат лажно негативен резултат, објаснува Јовановска.

Таа тврди дека да се биде во изолација на ГАК не е ништо страшно, и нема потреба пациентките да лажат.

– Мислам дека се проширија многу лажни вести околу изолацијата. Пациентките непотребно стравуваат дека ќе се заразат ако бидат ставени во изолација. Ниту едно бебе досега не било заразено од мајка, ниту пак пациентките меѓу себе се заразиле. Ние сме голема клиника, од 520 вработени и постои опасност и од интер-персонална трансмисија, но бидејќи ги следиме протоколите, такво нешто досега не се случило, тврди директорката на ГАК.

Јовановска е револтирана од начинот на однесување на дел од пациентите кои дури им се закануваат ако ги сместат нивните блиски во изолација.

– Иако лекарите се многу пожртвувани, изморени од дежурства, се соочуваат со агресивно оснесување од страна на роднините на пациентките. Тие буквално им се закануваат дека ако бидат однесени во одделот за изолација, ќе им се случи нешто. Не се свесни дека ако мајката е суспектна, а не не извести, со бебето нема да се постапува како по протокол за Ковид а тоа може да биде опасно, вели Јовановска.

Што се однесува до останатите интервенции, директорката на ГАК се надева дека од понеделник ќе се нормализира работата на клиниката, како што беше пред коронавирусот, иако и сега, како што вели таа, се извршуваат итните операции.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × 1 =