🎥 Блинков: Не е забележан помор на риби, поради минатонеделното загадување на Вардар

You must need to login..!

Опис

Дарко Блинков, раководител на одделението за поддршка, анализа и меѓународна во Државниот инспекторат за животна средина, денедка во Скопски агол на Утрински брифинг информираше дека се уште не се добиени резултатите од лабораториските истражувања поврзани со загадувањеѕо на Вардар.

Веднаш по добиената пријава од здужението Рибар, двајца инспектори излегоа на терен кај колекторот за отпадни води кај комплексот Железара, односно од кај мостот Близнак. Примероците ги земаа во соработка со тимот на ЈП Водовод и канализација. За жал, се уште немаме добиено резултати за да можеме да знаеме за што станува збор, но можам да потврдам дека фо сега не е забележан помор на риби во Вардар, откако е пријавен инцидентот, рече Блинков.

Тој нагласи дека иако базените ги поседуваат неопходните танквани, кои треба да ги соберат отпадните води, за да не настане хаварија и излевање, сепак се случуваат инциденти. – Проектираниот капацитет на танкваните не може да ја собере целата отпадна вода од инсталациите, тоа што не можело да се собере, се излеало, но тука се инспекторите да реагираат, рече Блинков.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty − eight =