🎥 Бејкова: Граѓаните сметаат дека има корупција во општините – поразителен податок е дека речиси четвртина од испитаниците воопшто не би пријавиле корупција

You must need to login..!

Опис

Дури 70% од општините немаат никаков документ за антикорупција. Кај повеќето од општините кои имаат усвоено некаква политика за борба против корупцијата, овие документи се од постар датум – од 6 до 12 години и не се ревидирани. Неколку општини на своите интернет-страници имаат објавено антикорупциски документи, но одговориле дека немаат. Во ниту една општина која доставила одговор нема пријавено корупција во последните две години.

Околу најновите истражувања во Утрински брифинг разговаравме со Билјана Бејкова од НВО „Инфоцентар“.

Според Бејкова резултатите од анкетата се разорачувачки.

-Речиси половина од граѓаните сметаат дека има има многу корупција на локално ниво.

Кога ги гледавме податоците полошкиот регион е многу критичен каде граѓаните се многу незадоволни.

Жителите на Полошкиот регион, етничките Албанци и луѓето на возраст од 30 до 69 години, сметаат дека има многу корупција на општинско ниво.

Според граѓаните најмногу корупција има при: Вработувањата во општините, јавните претпријатија и установите (66%), назначувањето директори на јавните претпријатија и други институции (66%), издавањето градежни дозволи (62%), спроведувањето инспекциски надзор (61%), подготовката на деталните урбанистички планови (59%), спроведувањето јавни набавки (59%), доделувањето субвенции (59%) и наплатата на даноците (56%), изјави Бејкова,

Во однос на тоа која позиција/ функција е најподложна на корупција речиси третина од испитаниците гo посочиле одговорот кој не беше во листата на понудени одговори – „сите подеднакво“ (32,6%). Потоа следат инспекторите со 17,5%, градоначалниците со 10,4%, службениците со 10,1% и директорите со 8%.

Според Бејкова поразителен е податокот што дека дури 66% сметаат дека пријавувањето корупција може да му предизвика проблеми на оној кој пријавил коруптивно однесување, а речиси 60% сметаат дека пријавувањето корупција е однапред изгубена битка бидејќи надлежните институции не се ефикасни во спречувањето и санкционирањето на корупцијата.

На прашањето каде би пријавиле корупција, речиси четвртина од испитаниците (22%) воопшто не би пријавиле корупција, 33% проценти би пријавиле во полиција, 18% во медиумите, 17% во Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), 8% кај Омбудсманот, 7% во обвинителство и 4% кај некоја граѓанска организација, изјави Бејкова и додаде дека во однос на работата на градоначалниците, 38% од граѓаните сметаат дека градоначалникот во нивната општина одлично си ја врши својата работа, а 37% му даваат негативна оценка.

-Највисока оценка на своите градоначалници им дале жителите на Вардарскиот, Североисточниот и Југоисточниот регион, додека помалку задоволни се жителите на Скопскиот, Пелагонискиот и Полошкиот регион. Жителите на руралните средини се позадоволни од градоначалниците за разлика од оние во градовите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × 2 =