🎥 Без здраво општество нема здрава нација – Ултимативното супер оружје против КОВИД-19 – „Луна Дуо“, промовирано во УБ од иноваторот Гога Поп Георгиевски

You must need to login..!

Опис

-Мотивиран од борбата против Ковид-19 дизајнирав и патентирав, дизајн на една медицинска гермицидна лампа, во тренд со светските медицински помагала, како едно супер оружје докажано во оваа борба според голем број на истражувања.

„Луна Мини“, е наједноставниот модел од гамата Луна, која вклучува повеќе производи со иста намена, но различен дизајн и јачина, а тоа е стерилизација на простории и овие медицински лампи се наменети исклучиво за установи во кои се одвива медицинска пракса. Конкретно ламбата е предвидена за 18 метри квадратни.

Моментално не постои технологија која 100% би ги заштитила медицинските работници и пациентите. Ова е само еден плус кој би не осигурал. Кај вас за прв пат го покажувам Луна Дуо со две неонки кој е два пати посилен од Луна мини. Тој е два пати посилен, бидејќи колку повеќе неонки има самиот статив толку повеќе се зголемува ефективноста и се намалува нивото на зрачење. Стативите од програмата Луна, користат материјали кои се лесни за одржување, дезинфекција и стерилизација“, појаснува иноваторот на ламбата, изјави за Утрински брифинг Гога Поп Георгиевски.

-Морам да спомнам и дека УВ-Ц зрачењето е многу штетно. Советувам угостители, друг тип на бизниси кои не се занимаваат со медицинска дејност да не купуваат УВ-Ц неонки, бидејќи може да направат поголема штета од корист. Гледањето во УВ-Ц неонка може да доведе до слепило, вели Поп Георгиевски.

-Ова е домашен производ, од најквалитетни ламби, по т.н кинеска цена. Мора да почнеме со менаџирање на Короната кога практично мерките ќе се намалуваат, додаде Поп Георгиевски.

Крајната цел на проектот е со помош на ФИТР да донираат 55 гермицидни стативи, во соработка со иницијативата „3D Принт Медицинска опрема“ кои веќе вложија многу во тековната борба против коронавирусот, донирајќи над 10.000 визири, а знаат на кои места овие стативи ќе имаат директна примена.

Ако немаме здраво општество ќе немаме здрава нација. Ниедна сфера нема да функционира. Се фрлија огромни пари на споменици место да се дадат во реновирање на медицинските установи.

Овде сакам да ја истакнам и изразам мојата голема благодарност до моето семејство, пријателите, ФИТР, медицинските работници, рече Поп Георгиевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 + 6 =