🎥 Андоновиќ: Трамп во стилот на балканските политичари – не сака да губи и нема да признае ништо освен победа на престедателските избори

You must need to login..!

Опис

„Не сакам да губам“, е ставот на американскиот престедател Доналд Трамп запрашан дали доколку ги загуби изборите ќе го признае поразот и ќе му ја честита победата на својот политички ривал Џозеф Бајден на престедателските избори закажани за 3 ноември. Трамп смета дека се зависи како и на кој начин би доживеал пораз од Бајден. Според него анкетите во кои во моментов Бајден води со два проценти предност не се вердостојни, па оттаму и не размислува за евентуален пораз на изборите.

Тој во свој стил, пред американската јавност ја доведе во прашање остроумноста на Бајден, за кого вели дека е сенилен и дека не е компетентен да биде престедател на САД, бидејки, како што оцени, Бајден не може да сврзе две реченици заедно. Дали американските граѓани заслужуваат таков престедател, запраша јавно Трамп предизвикувајки жестоки реакции во јавноста. Кампањата на американскиот престедале Трамп изминативе денови се фокусираше на сомневањето во евентуалната ментална активност на 77 годишниот Бајден, кој доколку победи на изборите на 3 ноември би влегол во историјата на САД како најстар избран американски престедател.

Со наполнети 74 години, засега Трамп важи за најстар американски претседател. Наспроти навредувачката реторика на Трамп, кампањата на Бајден е фокусирана на борбата против пандемијата на коронавирусот, со обвинување дека Трамп не слуша никого освен себе си, и сам ги влече потезите. Токму овие изјави предизвикаа и импулсивна реакција на Трамп кој Бајден го смета за недоличен старец кој не може да ја истурка кампањата , а не пак да биде новиот претседател на најмоќната држава. Според неговата кфалификација, Бајден не знае ниту дали е жив, а не пак она што треба да го има новиот претседател- остроумност брзина и цврстина на ставовите.

Во однос на пандемијата со коронавирусот и забелешките дека тој лошо се справил со неа, Трамп најави дека од денеска повторно ќе има редовни конференции за медиумите посветени на епидемијата на коронавирусот, кои ги држеше речиси секојдневно во текот на април… „Ги имав и имавме многу луѓе кои ги гледаа, аудиториумот беше рекорден во историјата на кабелската телевизија, тоа беше неспоредливо“, им кажа на новинарите во Овалниот кабинет во Белата куќа… Додаде и дека според него станува збор за многу добар начин на информирање на граѓаните, а неговиот избирачки тим, гледа можност за подигање на неговиот паднат рејтинг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seventeen − fourteen =