🎥 Андоновиќ: Русија избра доживотен престедател и започна воени игри околу Атлантикот

You must need to login..!

Опис

Со 77 проценти за и 21 процент против, граѓаните на Русија изгласаа и воедно дадоа подршка за измени на рускиот устав со што му се овозможува на претседателот Владимир Путин да остане на власт до 2036 година. Гласањето се одвиваше цела недела поради вонредните мерки од коронавирусот и временски рок кој им овозможува на русите низ сите региони да излезат на гласање.

Со овие измени на Владимир Путин му се овозможува, по истекот на неговиот сегашен престедателски мандат, во 2024 година повторно да се кадидира за престедателската функција. Путин кој од 1999-та година беше неколкупати на премеиерската и претседателската функција, сега ќе може да се кандидидира за уште два 6 годишни претседателски мандати кои би завршиле во 2034 година кога тој би имал 84 годишна возраст. Според досегашниот руски устав од 1993 година беше предвидено Путин да мора да се повлече од политиката во 2024 година кога и му завршува мандатот.Сепак еднонеделниот референдум, кој заврши вчера, го одбележаа бројни извештаи за притисоци кон гласачите и други неправилности…

Одлуката за промена на уставот, од страна на руската опозиција и западните држави беше оценета како амбиција на Путин да стане доживотен престедател. Во меѓувреме, Руската морнарица испрати дополнителни борбени бродови на северната флота во атлантикот и Норвешкото море, каде морнарицата на НАТО изведува големи поморски маневри. Флотата е испратена за да ги следи стратешките движења на морнариците на државите членки на НАТО кои изведуваат воени маневри долж поморската граница со Русија. Москва соопшти дека по неодамнешниот инцидент кога еден борбен брод на флотата на НАТО се доближил до границата на Русија,. Москва ја зголеми будноста и е подготвена да преземе одбрамбени мерки. Во меѓувреме Русија се закани дека ќе распореди воени трупи во Белорусија доколку САД, како што најави, распореди дополнителни воени сили во Полска. Москва соопшти дека е подготвена да ги заштити своите воени сојузници, пред се Белорусија. од евентуална закана на НАТО.

САД претходно најавија дека поголемиот дел на војниците од воените бази од Германија, ке бидат префрлени во Полска. Објаснувањето беше дека Германија ненавремено го полни буџетот на НАТО па оттаму и одлуката на САД да ја бранат Полска наместо Германија, аргумент кој засега не е прифатен од страна на Русија. Вашингтон и Москва имаат договор Алијансата да се воздржува од распоредување на дополнителни сили во близина на руската граница. Одлуката на САД за распоредување на воените сили од Германија, за Москва преставува закана за руската безбедност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nineteen − seventeen =