🎥 Андоновиќ: Поранешните Ју републики обединети во идентична предизборна реторика

You must need to login..!

Опис

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ изјави дека редовните парламентарни избори ќе бидат одржани наесен, на кои како што изјави, граѓаните ќе се произнесат за политиките понудени од политичарите. Според уставот редовните парламентарни избори според Црногорскиот устав треба да се одржат кон крајот на септември. Тој најави дека политичките партии кои ќе учествуваат на изборите треба да се договорат околу датумот на изборите.Една од опциите е крајот на август и почеток на септември, изјави Ѓукановиќ.

Оваа изјава Ѓукановиќ ја дава по повод од неговиот двегодишен мандат како претседател. Парламентарните избори во Црна Гора доаѓаат во време на тензиите меѓу Српската православна црква и Црногорската држава околу спорниот закон за воведување на верските слободи, а кој СПЦ во Црна Гора го толкува како обид на Подгорица да се одземе имотот на Српската Црква.

Дополнителна тензија доаѓа откако иако забранети, беа одржувани литиите на улиците на црногорските градови при што дојде до судири со полицијата. Притоа беа уапсени осум српски свештеници меѓу кој и никшиќкиот владика Јоаникије кои после неколку дена беа пуштени на слобода. Тензиите особено беа подигнати откако Ѓукановиќ во својот говор најави дека Црна Гора ќе го врати украденото и дека ќе го одеземе имотот на СПЦ во Црнагора и ќе создаде Црква на нацвионалните Црногорци. Сето ова се смета како предизборна реторика која треба да го зголеми рејтингот на партијата на Ѓукановиќ.

Сите овие тензии се во пресрет на парламентарните покраинските и локалните избори во Србија закажани за 21 јуни како и најавените редовни избори во Црна Гора закажани за септември. Календарот за одржување на изборите беше променет поради пандемијата на коронавирусот.


Избори и нивно одржување се закажани и во Хрватска. Таму, парламентарните избори според уставните рокови можат да се одржат на 21 или 28 јуни и 5 и 12 јули. Овие датуми се предложени од владеачката ХДЗ која оваа одлука ја донесла врз проценките дека стекнала огромна популарност кај граѓаните, носејки се одлично со справувањето со пандемијата на коронавирусот. Пред се воведувањето на популарните мерки кон граѓаните за олеснување на животот во услови на пандемијата, како и помошта кон бизнисмените, трговците и синдикатот, доведоа владата на Пленковиќ да веерува дека има огромна популарност кај хрватските граѓани.

Односот на силите во најнновите анкети покажува дека владеачката ХДЗ има раст на рејтингот 2 проценти во услови на траењето на пандемијата и изнесува 30,2 проценти, наспроти второрангираната Социјалдемократска партија која ужива 27 проценти подршка од граѓаните.

Особена надеж на ХДЗ да остане на власт е рејтингот на премиерто и лидерот Андреј Пленковиќ кој според анкетите во моментов е убедливо најомилен меќу хрватите со 20 проценти рејтинг. Втор е социјалдемократот и актуелниот хрватски претседател Зоран Милановиќ со 18,6 проценти, а трет, министерот за здравство од редовите на ХДЗ Вил Берош со 15,6 отсто.

Сепак настојувањата на валдеачката ХДЗ за избори во Јуни се базирани и врз економијата. Имено доколку не се случи туристичко чудо, пред се на хрватското приморје, Хрватска во септември би можела сериозно да се соочи со финансиски колапс поради уннштената економија од коронавирусот, што ќе и ги зголеми шансите на опозицијата за изборите.

Но ако се земе во предвид дека ХДЗ е десничарска партија, тогаш Пленковиќ ќе мора да ги анимира гласачите од ултрадесницаата кои на последните избори го подржаа кандидатот Мирослав Шкоро, и речиси беа изедначени по бројот на гласови со кандиатот на ХДЗ Колинда Грабар Китаровиќ.

Оттаму и стравувањата на Пленковиќ за кој се смета дека ќе имат тешка задача да ја обедини десницата во Хрватска, важен предуслов за победа на овие избори. Особено што треба да ги анимира гласачите на ултра десницата, но да биде внимателен бидејки поради неговата проевропска политка претерано да не се контаминира со тврдата десница произлезена од татковинската војна.

Предизборните препукувања започнаа а судирот настана за време на одбележувањето на воената акција „Блесок“ и протерувањето на србите од Краина. Тогаш Пленковиќ во обид да им се додвори на бранителите, кои го преставуваат екстремниот дел на десницата го критикуваше престедателот Зоран Милановиќ кој ја напушти церемонијата бидејки бранителите носеле маички и полагале венци на кои имало натпис „За Дом Спремни“, поздрав користен од усташите во Втората светска војна.Пленковиќ јавно го искритикува потегот на Милановиќ, така обидувајки се да добие дополнителни гласови од екстремните десничари во Хрватска.

Од друга страна, главниот политички опонент на овие парламентарните избори на Пленковиќ е преседателот на СДП Давор Бернардиќ. Тој досега успеа да направи коалиција со неколку партии пред се од левио центар. Како што се „Глас“, партијата на пензионерите, како и „Снага“.

Бернардиќ е критикуван од страна на левичарскиот блок дека е недоволно харизматичен и недоволно политички зрел. Бернардиќ фигуративно е опишан како политичар кој„ Ги облекол преголемиот број на чевлите на Милановиќ“ па оттаму и сомнежот дека тој би можел да ги предводи левичарите за повтoрно освојување на власта во Хрватска. Веќе е започната и жестоката реторика во пресрет на овие избори што само покажува дека влогот е голем и дека партиите нема да избираат средства да ја освојат власта.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen + 14 =