🎥 Андоновиќ: Партијата на Курти изврши „проба за протести”, дел од српската опозиција продолжува протести

You must need to login..!

Опис

Активисти на Движењето самоопределување на вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти на плоштадот „Скендербег” во Приштина организираа, „проба за протести” во случај другите косовски парламентарни партии да формираат нова влада.

Неколку стотини граѓани одговорија на повикот на групата на Фејсбук именувана „Со премиерот”, која брои над 300 илјади следбеници, и излегоа во центарот на градот, носејќи заштитни маски и одржувајќи социјална дистанца.

Оваа „проба за протести” ќе прерасне во вистински демонстрации доколку се формира влада од страна на другите парламентарни партии, предводени од Демократскиот сојуз на Косово.

Партијата на Курти, чија влада беше урната од Собранието на Косово на 25 март, а која тврди дека нова влада може да се формира единствено по вонредни парламентарни избори, кои би се одржале откако ќе помине кризата со пандемијата на Ковид-19. Претседателот на државата, Хашим Тачи, покрена иницијатива за формирање нова влада од страна на актуелниот парламентарен состав, а откако Самоопределување не одговори на неколкуте негови повици да именува кандидат за нов премиер, на 30 април мандатот го додели на Демократскиот сојуз на Косово, како второрангирана партија на изборите одржани во октомври минатата година.

Наспроти најавите во Приштина, во Белград се одржуваат вистински протести.

Продолжуваат и несогласувањата и распаѓањето на дел од српската опозиција. По партијата на актерот Сергеј Трифуновиќ, и партијата на поранешниот шеф на Српската дипломатија Вук Јеремиќ „Народна странка“ ја напушта коалицијата „Сојуз за Србија“ која изминатиов период ја имаше со партијата на Драган Ѓилас и „Двери“ на лидерот Бошко Обрадовиќ. Причина за распаѓањето на оваа опозициона неформална коалиција е, како што се наведува, насилното и агресивно однесување на лидерот на партијата „Двери“ Обрадовиќ кој пред три дена нападна пратеник од владеачката СНС и кој штрајкува со глад против, како што рече диктатурата на Александар Вучиќ.

Јеремиќ и неговата партија најавија дека се оградуваат од екстремните перфоманси на својот коалиционен соборец Обрадовиќ, кој пак ужива доверба уште од партијата на лидерот на опозицијата Драган Ѓилас. Останува отворена опцијата Јеремиќ да им се приклучи на партијата на поранешниот српски престедател Борис Тадиќ кој заедно со дел од иницијативниот одмбор на Демократската партија на поранешниот премиер Ѓингиќ се обидуваат да го сменат раководството на партијата која најавува бојкот на изборите. Тадиќ како поранешен претседател на Демократската партија, лидерско место кое го наследи од убиениот Ѓингиќ, и дел од српската опозиција се на став дека бојкотот на парламентарните локалните и покраинските избори закажани за 21 Јуни не се опција и дека само преку обединување на сите помали партии кои произлегоа од големата Демократска странка би можеле да го поразат Вучиќ и да ја преземат власта во Србија.

Останатиот дел на разединетата опозиција се „Двери“ на Бошко Обрадовиќ, Демократската странка која ја предводи Зоран Лутовац и лидерот на опозцијата Драган Ѓилас кои најавуваат бојкот на изборите.

Третата опција се опозиционите парламентарни партии Српските Радикали на Воислав Шешељ и ЛДП на Чедомир Јовановиќ кои се залагаат за избори и кои во минатото на многупати, иако опозиција, ги бранеа политиките на власта на СНС и Александар Вучиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eleven − 9 =