🎥 Андоновиќ: Пандемијата ја покажа зависноста на Европа од Кина

You must need to login..!

Опис

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека ќе ги забрза плановите за отворање на Франција и нејзината економија и дека ќе ги ублажи мерките воведени поради спречување на ширењето на коронавирусот.Макрон во обраќањето до нацијата рече дека треба да се гради Европа независно од Кина и САД. Макрон посочи дека пандемијата со коронавирусот ја покажала зависноста на Франција и остатокот на Европа од ланецот на снабдување од Кина со ефтината работна сила во фабриките, но и со снабдувањето на автомобили и мобилни телефони.

Оттаму и потребата за поголема финансиска независност на Франција, која заедно со Европа мора да биде независна и функционална Макрон вети дека трошоците од 500 милијарди евра на компаниите, нема да ги платат граѓаните преку поголеми даноци, туку дека ќе бидат субвенционирани од владата. Рестораните и кафетериите во Франција од денска започнуваат со работа, во исто време кога Франција ги укинува ограничувањата на границите за граѓаните на земјите членки на ЕУ. Кризата предизвикјана од последиците на пандемијата на корнацирусот, предизвика најголема економска криза по втората светска војна.

Наспроти Макрон кој прогласи прва победа над коронавирусот, во светското жариште од каде тргна пандемијата, Кина се регистрирани нови 49 случаи на заболени. Новото жариште на вирусот Ковид -19 е лоцирано на еден пазар во престолнината Пекинг. Овој пазар обезбедува 90 отсто од свежото овошје и зеленчук во градот, што го зголемува ризикот да се зголеми бројката на новозаразени. Во погодениот кварт е воведена „воена состојба“ и некои делови од градот се под блокада и забрането е патувањето меѓу некои делови од Пекинг. Дел од училиштата во повеќе од десет градски кварта ја откажаа наставата. Пазарот Ксинфади е 20 пати поголем од оној во Вухан од кој според сегашните сознанија започна пандемијата на Covid-19 и на него се продаваат илјадници тони разна храна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × four =