🎥 Андоновиќ: Откажана средбата во Вашингтон – Белград и Приштина ќе го чекаат исходот од претседателските избори во САД?

You must need to login..!

Опис

Поради подигнатото обвинение на Специјалното обвинителство против претседателот на Косово, Хашим Тачи,премиерот на Косово, Авдулах Хоти, објави дека , не може да присуствува на состанокот на 27 јуни во Белата куќа, каде требаше да разговара со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Хоти утринава го известил посредникот на рагзоворите, Ричард Гренел дека нема да допатува во Вашингтон з да ѕучествува во оваа долгонајавувана средба Косовскиот претседател и претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели, и други лица, се обвинети за воени злосторства за време на конфликтот во Косово, а „потписот“ на предлог обвинението го ставил Американец. Патувањето во Вашингтон прв го откажа Тачи. Американскиот претставник за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, тогаш рече дека Вучиќ и Хоти ќе се сретнат во Вашингтон.

Предлог-обвинението за воени злосторства против поранешниот политички лидер на ОВК, Хашим Тачи и неговиот началник на тајната полиција, Кадри Весели, сериозно ја разниша политичката сцена во Косово. Американскиот Стејт Департмент соопшти дека поднесувањето обвинение за воени злосторства против Хашим Тачи, Кадри Весели и други, објавено од Канцеларијата на независното Специјално обвинителство, е чекор кон правдата и процесот на помирување во Западен Балкан, изјави портпаролот на Стејт департментот. САД ги повикале Специјализираниот совет на Косово и независната канцеларија на Специјалното обвинителство да се придржуваат кон својот мандат, додека случајот напредува низ судскиот систем.

Тие сметаат дека зад објавата е процес што траел 20 години. О друга страна, албанскиот премиер Еди рама изјави дека е огорчен поради оваа одлук на Хаг наведувајќи дека е на страната на „борците кои го ослободиле Косово од пеколот на Милошевиќ”. реакции додјода и од поранешниот премиер на Косово рамуш Харадинај и АЛбанскиот претседатерл илир Мета кои очекуваат дека обвинетите во Хаг ќе ја докажат небвиноста и одбранат голенмата ослободителна улога која ја имале во уривањето на режимот на Милошевиќ. Белград засега со коментар дека „премиерот на лажната држава Косово“ ја одложил средбата во Вашингтон, наведуваат српските медиуми. Властите во Србија во контитнуитет бараат апсење и судење во Хаг на сите воени команданти од поранешната ОВК кои во деведестите години на минатиот век се бореа на Косово и ја отцепија оваа порнашна Јужна покраина од Српската држава.

Белград води истрага за речиси сите актуелни косовски политичари дека како поранешни воени команданти на ОВК извршиле бројни убиства и геноцид против српскиот народ на Косово. Што се однесува до помпезно најавената средба во Вашингтон на 27 јуни, која патем требаше да биде старт за отпочнување на прекинатите преговори за финалсниот статус нас Косово, неизвесно е кога тие ќе бидат презкажани., Анализите укажуваат дека можеби белград и Приштина ќе татктизираат и ќе гои чекаат исходото на престедателските избори во САД на трети ноември, и тоа која амднистрација птоа ќе посредува во преговорите. Дотогаш веројатно средбата на преставниците меѓу Белград и Приштина би останала само во формални и несуштиунски разговори, се наведува во доделни анализи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nineteen + six =