🎥 Андоновиќ: Намалениот рејтинг во однос на Бајден, Трамп ќе го подига со зголемување на напнатост во некоклку светски невралгични точки

You must need to login..!

Опис

Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден води со 11 проценти пред шефот на државата Доналд Трамп. Според најновата анкета на Универзитетот Квинипек, Американците не ја одобруваат работата на актуелниот претседател во врска со спречувањето на епидемијата на Ковид-19 во САД.

Според анкетата објавена синоќа, Бајден, кој е се поизвесниот претседетателски кандидат од Демократската партија, е поддржан од 50 проценти од гласачите, додека за републиканецот Трамп би гласале 39 проценти на претседателските избори во ноември. Водството на Бајден е зацврстено во споредба со минатиот месец, кога во истата анкета тој водел со 49 проценти наспроти 41 отсто за актуелниот претседател. Бајден добива предност во анкетите во момент кога економските оператори во САД започнуваат со внимателно отварање на работата и покрај пандемијата на коронавирусот. Се повеќе гласачи не одобруваат како Трамп се справува во одговор на коронавирусот. Анкетата е спроведена откако универзитетот Колумбија вчера објави анализа дека доколку мерките за физичка дистанца во САД би биле воведени две недели порано, односно на 1 март кога епидемијата започна да се шири, би биле спасени 36.000 животи.

Во обид да го подигне рејтингот, Трамп започна со неколку геостратешки потези, пред се во невралгичните точки во светот. Изминативе денови Трамп и нареди на американската морнарица во персискиот залив да ја заостри блокадата врз Иран и нејзините пловни објекти кои поминуваат низ Ормусткиот теснец и излегуваат на отворено море. Тоа ја подигна тензијата меѓу Вашингтон и Техеран, особено откако америкаската морнарица се обиде да блокира пет ирански танкери кои се упатија кон Венецуела. Да тензиите бидат уште поголеми, утринава Венецуела најави дека ќе испрати свои вооружени борбени бродови кои ќе ги обезбедуваат иранските танкери да пристигнат безбедно во пристаништата во Венецуела. Самата Венецуела пак изминатата недела беше цел на обид на воен преврат, откако беа уапсени вооружени групи од 50 воени специјалци меѓу кои и американски воени ветерани кои, според обвинувањата на Каракас имале задача да го ликвидираат порестедателот Николас Мадуро. Овие обвинувања беа негирани од страна на Вашигтон.

Зголемени тензии има и на релацијата со Москва откако Трамп вчера најави дека САД ќе се повлечат од договорот Отворено небо поради наводно руско непочитување на истиот, Договорот „Отворено небо” веќе две децении овозможува извидувачки летови на невооружени авиони над териториите на 34 земји потписнички, што првично требаше да ја зајакне довербата и да овозможи спречување американско-руски конфликти.

Паралелно со овие тензии, Трамп ги заладува односите и со Пекинг, заканувајки му се дека САД ќе реагира силно доколку Кина го спроведе планот да воведе нов закон за национална безбедност во Хонг Конг. Тој ова го изјави само неколку часа откако неименуван кинески претставник најави носење Закон за Хонг Конг како одговор на минатогодишните насилни протести и најтешки немири од враќањето на Хонг Конг под суверенитет на Кина во 1997 година.Според овој кинески закон ќе биде оневозможено секое мешањето од странство, и сузбивање на сите сепаратистички активности кои се насочени на рушење на централната власт.

Останува да се види дали сите овие глобални чекори кои ги презема Трамп ќе ја надомести разликата од 11 проценти подршка која во моментов е помала во однос на неговиот демократски опонент Џо Бајден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five + nineteen =