🎥 Андоновиќ: Министерот за одбрана Еспер му откажа послушност на Трамп

You must need to login..!

Опис

Продолжуваат и се омасовуваат протестите низ улиците на американските градови против полициското самоволие и насилство во САД. Интензитетот на насилствата е намален, а во престолнината Вашингтон синоќа демонстрантите мирно го изразија својот гнев против убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд , од страна на полицацеот Дерек Шавин, кој подоцна беше уапсен и обвинет за убиство. Неговата брутална постапка беше оценета како немилосреден чин, што уште еднаш укажува на длабоко вкоренетата дискриминација на црномурестите луѓе во американското општество.

Протестите почнаа со марш во близина на Белата куќа, и се одвиваа по улиците на градот. Забележливо е зголеменото присуство на полицијата и војската во центарот на Вашингтон, со десетици воени камиони распоредени на кварт од Белата куќа, во круг блокирајќи секакво движење кон резиденцијата. Дел од градот кој порано беше окупиран од туристи кои се фотографираа пред оградата на Белата куќа, сега наликува на Бејрут. Критиките кон претседателот Доналд Трамп за милитаризација и правење „тврдина” од Вашингтон доаѓаат од сите страни. По првичните несогласувања на релација Трамп – Пентагон, ново несогласување со барањата на, според уставот, врховниот командант, за ангажирање на војската во сузбивање на насилствата, доаѓа од американскиот министер за одбрана Марк Еспер. Тој синоќа преку медиумите изјави дека не се согласува со одлуките и наредбите на Трамп за ангажирање на војската проитив демонстрантите.

Дополнителна тензија предизвика и неговата наредба да се повлечат околу 200 припадници од ангажираните трупи, и да заминат дома. Неговата позиција засега останува несигурна, и можно е во текот на денот тој да биде разрешен од страна на Трамп, со оглед на незадоволството од одлуката во Белата куќа. Дека во САД во моментов се случува судир, внатре во американскиот политички естаблишмент, покажува и раздорот и хаосот во одлуките на сојузните, федералните и локалните власти. Имено доколку градоначалникот е од една партија, а гуверенерот од друга, тие не можат да се договорат за мерките кои ќе се применат за сузбивање на насилствата низ улиците на американските градови. Гувернерите на сојузните држави ја контролираат националната гарда која е резервен состав на армијата на САД. Тие се единствените кои можат ја повикаат и ангажираат. Градоначалниците на градовите се надлежни и претпоставени на полицијата. Престедателот на САД ги управува специјалните сили и регуларната армија на САД која не излегла на улиците на американските градови од 1992 година. Има големи недоразбирања на релација гувернери – градоначалници. Во текот на пандемијата на коронавирусот, и сега, во немирите, гувернерите од редовите на демократската партија одбиваа да ја ангажираат националната гарда наспроти барањата и повиците на градоначалниците.

Најголемите немири се случуваат во сојузните држави каде гувернери се од редовите на демократската партија, кои очигледно во духот на предизборјето, се обидуваат да ја опструираат работата на републиканските функционери. И сето тоа зачинето со сојузните надлежности на претседателот Трамп кој досега на неколкупати упатуваше, и се уште упатува критики за некоординираното и благо делување за сузбивање на насилствата. Бидејќи се работи за предизборен период, во политичкиот проект за смена на Трамп од функцијата претседател на САД, се вклучени и делови од републиканските функционери, кои не го подржуваа Трамп ниту за време на изборите, ниту пак за време на неговиот мандат. Оттаму и најновите несогласувања меѓу функционерите и генералите на Пентагон меѓу кој и најновото, оддбивањето на министерот Еспер да соработува со Белата Куќа.

Додека трае политичката борба, на улиците низ градовите во САД, продолжуваат протестите, кои сега се насочени кон уривање на споменици посветени на историските личности кои биле нагласени расисти. Она што особено загрижува е и ширењето на овие протести низ останатите држави во светот пред се во Европа. По Лондон и Берлин, протести против расизмот и полициската бруталност, со примеси на социјален бунт, се разгорува и во Париз, каде живее бројно црномуресто население. Се стравува дека доколку протестите се прошират низ Франција и Италија, Европа би можела да биде следниот континент кој ќе се соочи со жестоки граѓански протести.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × one =