🎥 Андоновиќ: Медиумски реформи или обид на Трамп за контрола на информирањето

You must need to login..!

Опис

Шефот на американската агенција, што ги надгледува радиодифузерите финансирани од владата, вклучително и „Voice of America” и „Radio Free Agency”, почна со големи „потрес-потези” со што предизвикува стравувања од политизација на вестите,оценуваат американски медиуми. Досергашните директорите на големите американски медиуми се отпуштени од новиот шеф на американската Агенција за глобални медиуми (USADM), Мајкл Пак.

Тие потези предизвикаа загриженост дека Пак, кој е назначен од претседателот Доналд Трамп ќе се обиде да стави крај на уредничката независност на Радио Слободна Европа / Радио Слобода, Радио Слободна Азија, Mрежи за радиодифузија на Блискиот исток, Глас на Америка и Радио и ТВ Марти (Radio Free Europe/Radio Liberty, Radio Free Asia, Middle East Broadcasting Networks, Voice of America, Radio and TV Marti) Директорката на Глас на Америка, Аманда Бенет и заменик директорот Сенди Сугавара, двајцата ветерани новинари, ги доставија оставките во понеделникот, додека пак Пак вчера ги разреши шефовите на другите места и ги распушти надзорните одбори на организациите. Оваа агенцијата, е финансирана од Владата, и структурирана да работи со уредничка независност и им служи на земјите во кои нема слободни медиуми,како и да го унапредува имиџот на американската култура во светот.

Потезите со опуштањата на гфлавните уредници нна некои од медиумите, политчките опоненти на Трамп го оценија ка обид да се уништи независноста на медиумите , члија иднина со овие потези е неизвесна Администрацијата на Трамп неодамна ја обвини ВОА за ширење на кинеска „пропаганда” за пандемијата на коронавирусот и им наложи на американските здравствени службеници да одбијат интервјуа за новинската организација. Во меѓувреме не стивнува медиумската војна помеќу Трамп и неговиот поранешен советник за нацонална безбедност Џон Болтон околу контраверзната книга во која Болтон ги опишува пикантериите за практицитрањето на претседателската политика на Трамп Претседателот на САД Доналд Трамп во низа твитови отвори фронтален напад против неговиот поранешен советник за национална безбедност, Џон Болтон, откако во неговата нова книга тој го опишува претседателот како „недоследен“ и „неверојатно неинформиран“ лидер…

Книгата на Болтон е насловена „Собата каде што се случи тоа“, и за Трамп тоа е компилација од лаги и измислени приказни, со цел да биде претставен во лошо светло..Според Трамп „многу од апсурдните изјави, кои тој му ги припишувал, никогаш не биле направени, односно дека станува збор за чиста измислица“, Трамп, го нарече Болтон „незадоволна и досадна будала, која сака само да војува“… Болтон пак возврати преку интервјуот дадерно за американските медиуми каде изјави дека Трамп не е подобен за функцијата претседател, и дека нема вештини за извршување на таа работа, Болтон, нагласи дека „актуелниот претседател бил толку многу фокусиран на неговиот реизбор, што се друго запоставил”. Белата куќа се обидува со судска наредба да ја стопира промоцијата на книгата на Болтон, со образложение дека таа содржи доверливи информации за националната безбедност, кои треба да се чуваат во тајност Критичарите на Трамп бараа Болтон, наместо да издава книга, за која добил авторски надомест од два милиони долари, да се појави на сослушувањата за импичмент на претседаетлот и да го каже сето ова пред јавноста.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 − 4 =