🎥 Андоновиќ: Избори се ближат

You must need to login..!

Опис

Вучиќ и Вулин со остри коментари за изјавата на Пендаровски во однос на границите меѓу Белград и Приштина. Вучиќ со обвинување дека македонскиот престедател сака да и се додвори на Германија, која за постетување се противи на решавање на косовскиот статус со демаркација на границата.

Министерот за одбрана на Србија Александар Вулин отиде чекор подалеку давaјќи квалификации на раб на понижување и навреда изјавувајќи дека малкумина во Македонија го прашуваат Пендаровски за било што, а уште помалку што тој мисли за прашањата во соседните земји.

Сепак се чини дека квалификацијата на Вулин дека Претседателот на Северна Македонија може слободно да молчи на јазикот кој никој освен Србија не го признава, го доведе до прашање односот на Скопје и Белград, но и ставот на рускиот претседател Путин кој македонскиот јазик го признава како колевка на сесловенската писменост.

Иако несмасна и неумерена изјавата може да се протолкува само како предизборна реторика која Вучиќ и владеачката структура ја водат во пресрет на парламентарните локалните и покраинските избори во Србија закажани за 21 јуни.

На предизборна реторика не се имуни ни големите светски супер сили, пред се САД кои според редовниот календар ќе имаат избор за претседател на 3 ноември. Трамп продолжува со обвинувањата кон Кина дека е виновна за коронавирусот. Последно од предизборната кујна на Белата куќа е обвинувањето дека Кина намерно испраќа туристи во светот за да ја шири заразата на коронавирусот. На сите овие обвинувања се приклучи и Американскиот државен секретар Мајк Помпео кој оцени дека кинеската Влада се заканила дека ќе се меша во работата на американските новинари во Хонг Конг. Тој се закани дека секоја одлука наметната врз автономијата на Хонг Конг и слободите загарантирани со заедничката кинеско-британска декларација, може да влијае на американската позиција за принципот „една земја, два система” и статусот на територијата. Овие закани се предизборна реторика која има за цел да го подигне рејтингот на актуелните политичари кои се на функција и кои се подготвени да ги применат сите методи за да бидат реизбрани на своите функции.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

9 − four =