🎥 Андоновиќ: Избори – Партијата на Макрон поразена од социјалистите, во Полска вториот круг одлучува кој ќе биде претседател

You must need to login..!

Опис

Во голем број од европските држави се одржуваат однапред закажаните парламентарни, локални и претседателски избори. И покрај критиките дека можеби е несериозен моментот во услови на повтрно растечката пандемија на коронавирусот, Фрација, Полска и Австрија изминатиот викенд одржаа избори.

Во Франција се одржа втор круг избори на кои партијата на Макрон доживеа пораз од страна на социјалистите и партијата на зелените. Се смета дека исходот од овие локални избори ја отвара можноста за прераспределба на политичките сили во француската влада.

Градоначалничката на Париз, од редовите на социјалистите Ан Хидалго прогласи победа на локалните избори, што се одржаа вчера, што и овозможи во нејзиниот втор мандат да раководи со Летните олимписки игри 2024 година. Хидалго, припадничка на Социјалистичката партија ја победи конзервативката Рахида Дати. Хидалго првпат беше избрана за градоначалничка на Париз во 2014 година, а на овие избори беше поддржана од Зелената партија. Вториот круг на општинските избори 2020 во Франција помина во рекордната неизлезеност на гласачите. По гласањето, левицата се обојува во зелено, десницата опстојува, претседателското парламентарно мнозинство ги губи изборите, додека крајната десница првпат освојува град со над 100 000 жители.

Во Полска со одржа прв круг од претседателските избори на кои Конзервативниот полски претседател Анджеј Дуда и либералниот градоначалник на Варшава, Рафал Тшасковски, влегоа во вториот изборен круг кој ќе се одржи на 12 јули. Во вториот круг актуелниот претседател Дуда влегува со благо водство. Веднаш по завршувањето на гласањето, двајцата кандидати разменија меѓусебни обвиненија. Според излезната анкета на агенцијата ИПСОС, Дуда освои 41,8 проценти од гласовите, а Тшасковски 30,4 проценти. Дуда, кандидатот на владејачката конзервативна партија Закон и правда, им се заблагодари на Полјаците што доби повеќе гласови отколку на изборите пред пет години. Тшасковски рече дека резултатите од првиот круг од изборите покажуваат дека повеќе од 58% од полското општество сака промена. Дуда имаше шанса да победи во првиот круг доколку изборите се одржат според планот на 10 мај. Сепак, поддршката од околу 60 проценти што тој ја имаше во тоа време, според анкетите, се стопи кога Полјаците почнаа да ги чувствуваат ефектите од ограничувањата поради епидемијата на коронавирусот.

Избори се одржаа и во Австрија каде во покраинското гласање во австриската покраина Штаерска, победи Народната партија на Австрија на канцеларот Себастијан Курц, втора е Социјалдемократската партија, додека Слободарската партија доживеа дебакл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 + five =