🎥 Андоновиќ: Екстремни левичари и десничари, странски служби или самиот Вучиќ – кој стои зад хаосот во Белград

You must need to login..!

Опис

Деветнаесет повредени полицајци 17 повредени демонстранти е билансот од синоќешниот втор ден на насилните протести и судири на полицијата и демонстртантите на улиците на Белград. Насилните протести кои беа предизвикани од одлуката на преседателот на Србија Александар Вучиќ за враќање на полицскиот час и забарана за движење поради растечкиот број на заразени од коронавирусот, преминаа во целосен хаос и анархија во Белград, Нови Сад и Ниш.

На улиците на овие градови до доцна во полноќ траеа судирите, но полицијата успеа да ги разбие демонстрациите нешто пред полноќ. Вчера беа регстрирани и напади врз лидерот на Покретот за Србија, актерот Сергеј Трифуновиќ кој бил нападнат од дел од демонстрантите. Пријава за напад имаше и лидерот на Двери Бошко Обрадовиќ кој првиот ден од протестите беше обвинет дека ги раководи агресивните хулигани во нападите врз полицијата.

Почнаа и меѓусебнитеобвинувања за тоа кој стои зад насилствата на улиците на Белград. Власта ги обвини опозиционите лидери кои ги бојкотираа изборите дека сакаат наместо демокртаски, по насилен пат да ја урнат легетиомно избраната власт. Вучиќ и српската влада го обвинија и Сорос дека ги финансира демонстрантие преку таканаречена,, Обоена револуција“ да го урнмат Вучиќ од власт. Српската влада пак посочи дека за овие нереди стои и една странска разузнавачка служба, но одби да ја именува. Од друга страна дел од опозицијата која ги бојкотираше изборите и кои дадоа подршка на протестите, го обвинуваат Вуќиѓ дека меќу демонстратнтите инфилтрирал полицоски и мкриминалчни структури за да прават хаос и да прикажат дека демонстрантите се насилни.

Исто така се обвинува дека хаосот има за цел да се оттргне вниманието од лошата состојба во државата но и , како што изјавуваат , дефокусот од како што велат предавството и продажбата на Косово. Едниот од лидерите на опозицијата Драган Ѓилас смета дека Вуќиѓ преку овие протести сака да ја одбегне најавената посета на Парзи и средбата со Емануел Макрон, бидејки американскиот предлог кој го прифатил за размена на територии со Приштина, нема подршка од европските држави и ЕУ. Нови протести против политиката на Вучиќ се закажани и за денеска попладне, а според најавите, тие ќе трајат и наредните денови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × one =