🎥 Андоновиќ- Доколку Бајден го победи Трамп, може да се случи со САД да владее жена?

You must need to login..!

Опис

Со 77 годишна возраст Џозеф Бајден е најстариот претседателски кандидат во историјата. Поради овој факт се зголемува заинтересираноста за позицијата потпретседател, односно кој би ја добил таа функција, која во еден момент може дури и да го презеде водењето на САД, како највлијателната функција во светот.

Сето ова ги зголеми шпекулациите за тоа кој ќе биде главниот сопатник на Бајден во предизборната кампања. Самиот Бајден веќе најави дека тоа ќе биде жена

Главниот фаворит за местото потпретседател на САД е Камала Харис, сенаторка од Калифорнија . Таа е искусна политичарка долго време била главен обвинител на Калифорнија. Има големо познавање на политиката и запознаена со политичките насоки на Вашингтон. Има голем број на подржувачи од богатите бизнисмени во Калифорнија, кои доколку дојде до нејзина номинација, ќе има на располагање на огромни финансиски средства за време на кампањата. Бидејки по потекло е мелез односно мајка Индијка и татко од Јамајка, ужива голема подршка од страна на афро-американците. Се проценува дека доколку дојде во дуел со нејзиниот републикански опонент, кандидатот за потпрестедател Мајк Пенс, таа веќе има поголем рејтинг и може да освои дополнителни гласови кои би оделе на контото на Бајден на изборите во ноември.

Но Харис не е единствената опција на Бајден. Многумина од левичарите кои досега го подржуваа Берни Сандер се против Харис бидејки ја сметаат дека води десничарска политика. Тие сакаат да ја дадат поддршката на таканаречените прогресивни политичарки како што е Елизабет Ворен- која е преставник на индустрискиот север, однсно средниот запад, како што се Пенсилванија, Мичиген, и Висконсин, држави кои Бајден мора да ги добие доколку сака да го победи Трамп. Многумина сметаат дека Бајден мора да добие подршка од левичарите во партијата како би го зголемил бројот на младите подржувачи да гласаат за него.

Во овие калкулации се споменува и името на поранешната прва дама Мишел Обама, но исто така се предупредува дека таа и нејзиниот сопруг, Барак веќе одамна имаа мал рејтинг кај американците.

И се разбира останува во игра Хилари Клинтон која официјално го подржа Бајден за номининација за претседателски каднидат од редовите на демократите, и која неодамна ја подржа идејата за жена потпретседател на САД.

Во меѓувреме во редовите на републиканците додје до судир помеѓу поранешниот претседател Џорџ Буш помладиот и актуелниот претседател Доналд Трамп.

Буш преку Твитер ги повика републиканците и демократите да се обединат во борбата против коронавирусот. На овој повик Трамп, исто така преку Твитер, го искритикува Буш замерувајќи му дека не му дал подршка кога демократите во сенатот го започнале процесот на импичмент против него, алудирајки дека непостои никаква опција за соработка меѓу овие два политички ривали во САД.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen + 3 =