🎥 Андоновиќ: Граничен спор или геостратешка пресметка на светските супер сили?

You must need to login..!

Опис

Дваесетина војници на индиската армија се убиени од кинески војници во судир на спорната граница меѓу Индија и Кина, Ова е првпат во повеќе децении, војници да бидат убиени во судир по должината на границата, на замрзнатиот терен високо на Хималаите, Индија соопшти дека тројца индиски војници биле убиени за време на тепачката, а уште 17 подоцна им подлегнале на повредите. Според извештаите неколку војници на индиската армија се заробени од кинеската војска. Кина ги обвини индиските сили за извршување провокативни напади врз нејзините трупи и не соопшти дали е убиен некој од нејзините војници, наспроти тврдењето на Индиското МНР кое соопшти дека жртви имало на двете страни.

Инаку овој спор на двете најмногу бројни по жители држави се однесува долж статешките позиции на Хималаите во должина од 3.500 километри. Се работи за тоа која од овие дцве држави ќе ја има контролата врз стратешката долина Галван. На судирите со човечки жртви кои се први по 1975 година, им претходеа повеќенеделни тензии кои кулминираа пред неколку недели со физичка пресметка меѓу кинеските и индиските војници во спорниот регион. Двете најбројни светски држави и нуклеарни сили околу повеќе децении водат спор околу заедничката граница во Хималајскиот регион.

Двете земји водеа и крвава војна во 1962 година со неколку илјади жртви. Конфликтот е резултат на наследениот граничен спор на колонијална Британија, која за време на управувањето со Кина и Индија ги имала зацртано овие граници. По нивното осамостојување од Лондон, двете држави започнаа со меѓусебни обвинувања за тоа, чија и до каде е која територија. Пекинг одбива да ја признае границата од 1914 година позната и како Линијата Мекмахон, и бара да му се врати територија од 90 илјади квадратни километри,на што Индија се противи. Особен проблем меѓу овие две нуклерани сили претставува и економскиот ривалитет.

И Индија и Кина имаат голема економска и работна експанзија па оттаму и нетрпеливоста меѓу овие две огромни држави е се по ескалирачка. Во целата оваа ситуација на тензии и неразрешени односи, дополнителни проблеми се предизвикани и од геостратешката игра на САД и Русија. Имено Вашингтон изминативе години интензивно работи на придобивање на Индија за стратешки партнер и сојузник во американските настојувања за контрола на овој дел од светот и забавување на кинеската експанзија. Идентично како САД и Русија се обидува да ја добие наклонетоста на Њу Делхи, и како пазар и работна сила, но и како држава која може да направи баланс на огромната човечка, економска и технолошка моќ на Кина. Оттаму, геостратешките интереси, можеби ќе го искористат граничниот спор меѓу овие држави за формирање на идни нови сојузништва и посилна светската доминација

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eight − 2 =