🎥 Андоновиќ: Бугарија пред вонредни избори и Црна гора пред одложување на изборите?

You must need to login..!

Опис

Единаесет дена по ред траат протестите со кои се бара оставка на владата на бугарскиот премиер Бојко Борисов и на државниот јавен обвинител Иван Гешев На вонредна седница бугарскиот парламентот денеска ќе расправа за недоверба на Владата. Тоа ќе биде петти по ред обид на опозицијата да го собори Кабинетот на премиерот Бојко Борисов.

Во меѓувреме, во Софија и вчера – единаесетти ден по ред – се одржаа антивладини протести чија цел е оставка на владата на Борисов и на главниот обвинител Иван Гешев. За денеска е најавено дека протестите ќе се одвиваат на поинаков начин – како национален штрајк уште од утрото, со цел да се блокира Парламентот, каде што треба да почне дебатата за гласањето за недоверба на владата, а ќе се се протестира и пред судовите. Бугарскиот премиер Бојко Борисов го обвини шефот на државата Румен Радев дека е главен сценарист на антивладините протести. Радев возврати дека интригите на државниот обвинител и на Владата и одбивањето да се слушне гласот на граѓаните доведе до криза и губење на на довербата кај граѓаните.

Протестите се национален консензус против мафијата, корупцијата, поврзаноста на државата и медиумите и против поткопувањето на демократските институции и закони, смета Радев. Во обид да ги намали тензиите Борисов минатата недела побара оставки од министрите за финансии, економија и за внатрешни работи со целд а ги прекине приотестите на незадовлство но и да го избегне денешното гласање за недоверба во Бугарскиот парламент. Мандатот на владата на Борисов е до март следната година, но доколку му биде изгласана недовеба во Бугарскиот парламент, Бугарија ќе мора да оди на вонредни апрламентарни избори. Борисов веќе оцени дека во услови на коронавирусот , е недоговорно од опозицијата и бураксиот претседател Радев да ја туркаат државата во политичка криза, и со евентуални вонредни избори, да го зголемат ризикот од ширење на ионака растечката пандемија на коронавирусот.

Со иднетичен став околу избори и корнавирусот е и Црнагора, која за 30 август има закажано редовни апрламентарни избори, но поради се пголемиот број на заболени и починати од ЈКовид 19 размислува изборите да ги одложи. Уставниот рок за нивно одржување е средината на октомври и според надлежните во Подгорица, , „треба да им се даде шанса на здравствените работници, но и на граѓаните, ситуацијата да се подобри“.

Поради коронавирусот не треба животот да застане, но тоа не значи дека по секоја цена треба да се организираат избори во време кога епидемиолошката ситуација во земјата е лоша, сметаат властите додавајки дека „изборите мора да се одржат и покрај Ковод-19, но во рамки на уставниот рок треба да се најде термин, дури и последниот – 18 октомври“.Можеби епидемијата ќе биде силна и во октомври, но можеме да кажаме дека сме направиле се како одговорни лица и да избереме термин кој им остава простор на нашите здравствени институции да дадат одговор на сето тоа, порачаа експерите и заговорниците за пролонгирање на датумот на изборите..

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

9 + eight =