🎥 Андоновиќ : Белград засега без реакција за ескалирањето протестите во Црна Гора

You must need to login..!

Опис

Официјален Белград засега без реакција на синоќешните за синоќешните немири на улиците на црногорскиот град Никшиќ во кои беа повредени 22 полицајци, До судирите дојде откако граѓаните на протестен марш побараа ослободување од притвор на српскиот епископ Јоаникије.

Во Никшиќ синоќа полицијата фрли солзавец и употреби шок бомба за време на протестниот марш, додека граѓаните фрлаа камења врз полицијата Полицијата уапси голем број граѓани, меѓу кои и новинар на „Вечерње новости”.

За настаните во Никшиќ, но и цела Црна Гора, каде се приведени свештеници на СПЦ и владиката Јоанакије, следат по неколкуте месеци на тензии околу донесувањето на спорниот закон за верските слободи. Во предлоготот на црногорската влада за донесување на нов закон за имотот на Српската православна црква, со кој СПЦ обвини дека Подгорица сака да и го одземе имотот и да и го додели на новоформираната и засега не признаетата Црногорска православна црква. На само ден од укинувањето на вонредната состојба, владиката Никшиќки Јоанакије организираше литија низ улиците на Никшиќ каде по масовното демонстрирање беше уапсен и заедно со уште двајца свештеници доби 72 часовен притвор.

Верниците на СПЦ во Црна Гора најавија масовни демонстрации низ улиците на црногорските градови, барајќи ослободување на владиката и повлекување на спорниот заклон за верските слободи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 − 8 =