🎥 Амбициозни наставници од Балканот креираа Балканска наставничка мрежа, за полесно он лајн образование

You must need to login..!

Опис

Петнаесетина наставници од Балканот, со здружени сили и идеи ја формираа Балканската наставничка мрежа, која има за цел да го олесни образованието, во услови ба пандемија, кога наставата се одвива он лајн. Сандра Груевска, основач на центарот за странски јазици Степ бај степ, е една од нив. За придобивките од оваа работилница таа денеска зборуваше во Утрински брифинг.

На иницијатива на Жељана Радојчиќ Луќиќ, една од најдобрите 50 наставници во светот, се здруживме и решивме да направиме нешто што ќе не подготви за се што ќе се случува како последица на пандемијата. Направивме група во која споделуваме, вмрежуваме и за само три дена направивме фејсбук група од 30.000 наставници и до сега имаме споделено 3.000 наставни материјали, кои многу ни помогнаа. Горда сум, што како администратор по англиски јазик, им помогнав на многу преку алатки да се соочат со начинот на функционирање во оваа пандемија, рече Груевска. Таа го објасни начинот на работа на платформата.

Наставниците имаат пристап до Балканската наставничка мрежа. Ние сме поделени по сектори, секој си има свој предмет, за кој се вклучени наставни материјали, и од каде можат да се земат материјали за секој наставен час. И децата можат да се вклучат, но нас ни се поважни родителите. На родителите ум направивме мини обука, и можат да се вклучат, доколку тоа им биде од помош. Од Македонија имаме седум администратори, секогаш сме достапни да им помогнеме, доволно е само да не побараат на фејсбук групата, објаснува Груевска.

Оваа платформа потекнува од Еду Балкан, во која што се зачленети многу глобални организации. – Јас конкретно применувам он лајн настава во која секој четврток нашите деца се во интерактивна дружба со деца од друга држава. Денеска во 12.30 децата ќе зборуваат на тема како го поминаа периодот на Ковид 19, и ќе разменат искуства со деца од Индија. Интеркултурното дружење е од непроценливо значење. Ние соработуваме и со Данска, Шведска и со други држави, вели Груевска. Таа е поборник и за неформално образование.

Мило ми е што МОН не послуша, и што овие два дена, се собираат и предлози од родителите, што се за нас многу важни. Исто така, важна е и Балканска зборница, во која секоја среда во 20 часот, се вклучуваме на платформата, на која учество земаат и експерти од разни области, психолози кои ни помогаат да ја пребродиме кризата. Во зборницата се вклучуваат и многу родители, додаде Груевска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 + 6 =