🎥 Али Февзи – хуманитарец кој за 4 месеци има помогнато на 500 семејства, најмногу со свои пари

You must need to login..!

Опис

Али Февзи е еден од ретките луѓе кои од сопствениот домашен буџет издвојува средства за да им помага на сиромашните. Неговата хумана мисија започнала пред четири месеци, кога им помогнал на три фамилии со седум деца. – На почетокот храната ја купував од свој џеб. И сега купувам со мои пари, ама добивам и помош. Пред неколку дена добив донација од 200 пакети, а 450 пакети добив од Зоран Заев. Би сакал и другите политичари да донираат, зашто со тоа не ми донираат мене, туку на сиромашните, вели Али.

Тој додава дека се случувале и обиди за манипулација, донација барале и луѓе на кои не им треба помош. – Има обид да ме излажат. Ама јас имам тактика. Им барам фејсбук, и преку сликите дознавам како живеат и дали навистина им треба донација, објаснува Али. Тој вели дека во моментов се соочува со проблеми околу доставата, бидејќи му се расипал автомобилот, а соседите во Аеродром каде што е неговиот берберски салон се жалеле на зголемениот број луѓе кои доаѓале да си ги земат пакетите.

Имам обид да воспоставам комуникација со некои луѓе да ми помогнат за транспорт и обезбедување намирници. Вчера сакав да разговарам со менаџерот на еден маркет, не сакаше да ме прими. Откако прочитал за мене и видел слики, ме побара, денес ќе се видам со него. Ако успеам да се договорам, ќе можам да направам 1.000 пакети месечно и ќе кажам дека сум успеал. Најсреќен сум кога помагам. Вчера бев кај самохрана мајка со две деца. Фрижидерот и беше празен, само јогурт имаше. Децата беа пресреќни кога ја видоа храната, тоа ми ја полни душата, вели Али и додава сека 70 проценти од донациите се за самохрани мајки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × one =