🎥 РСБСП организира школа за мотоциклисти, за најдобрите бесплатно полагање за АМ категорија

You must need to login..!

Опис

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) започна со летна кампања, во рамки на која ќе биде реализирана летна школа за млади мотоциклисти. Преку он лајн настава, мотоциклистите ќе добијат знаење за правилно управување на мопед, по што ќе биде спроведено тестирање за познавање на сообраќајните правила, а на најдобрите ќе им бидат доделени ваучери за бесплатно полагање за возачка дозвола од АМ категорија. За останатите детали од летната кампања, во Утрински брифинг денеска зборуваше Владимир Лазаров, секретар во РСБСП.

“Нашите индикатори говорат дека во летниот период, во услови на високи температури, опуштеност на возачите и долгите патувања, постои поголем ризик за сообраќајни несреќи. Статистиката покажува дека бројот на загинати во летниот период е двојно поголем за разлика од зимскиот период. За да го намалиме бројот на жртви, правиме повеќе активности.

Во процес сме на потпишување на меморандум за соработка со Агенцијата за безбедност на Р. Србија, со цел да опфатиме што повеќе возачи. Изработивме и 20.000 маски кои ќе започнеме да ги дистрибуираме за 15 дена, а ќе ги делиме на неколку пунктови, на патарини, бензински пумпи, гранични премини, вели Лазаров. Тој додаде дека доколку сите би ги почитувале сообраќајни правила во патниот сообраќај, како што се почитуваат во воздушниот, значително би се намалил бројот на жртви.

Јас како воен пилот можам да потврдам дека авионскиот сообраќај е многу побезбеден од патниот, но само затоа што се почитуваат правилата. Од сообраќајни несреќи на патиштата во светот умираат 1.300 000 луѓе, додека во авински несреќи загинуваат најмногу до 500 луѓе годишно. Ако кај сите се зголеми свеста, за почитување на правила, овие бројки значително ќе се намалат, објаснува Казаров.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ten + 3 =