🎥📞 Три документарни филмови од Музеј на РСМ за одбележување на Меѓународниот ден на музеите

You must need to login..!

Опис

Од денес, на Ју Тјуб каналот на Музеј на Република Северна Македонија, по повод меѓународното обележување на денот на музеите во светот, ќе бидат објавени три етнолошки документарни филмови, соопшти во Утрински брифинг, директорот Јован Шурбановски.

„Веројатно во Словенија е најубавото одбележување, односно таму ги отворија музеите. Ние над месец време работевме на ова па отворивме канал на YouTube каде прикажуваме етнолошки документарни филмови. Ги поканивме студентите да ни се приклучат. Ќе прикажеме три документарни филмови од денес“, информираше Шурбановски.

Според него интересот за музеологијата и за културното наследство се зголемува постојано и смета дека потребни се повеќе музеи на иднината, односно технологијата.

„Во Македонија не постои технолошки музеј а тие се меѓу најпосетените. Новиот музеј на Матка на пример е еден од најпосетените. Фалат сепак музеи на иднината“, изјави Шурбановски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 + 7 =