?? Тилев: Не очекуваме изненадувања во европската преговарачката рамка

You must need to login..!

Опис

Преговарачката рамка која деновиве Република Северна Македонија треба да ја добие од Европската Унија не би требало да биде никакво изненадување, вели високиот државен советник за ЕУ, Драган Тилев.

Се работи за технички и политички документ рече тој во Утрински брифинг.

„Преговарачката рамка се условите под кои ќе не примат во Европската Унија. Тоа е исклучително важно, тоа го прави овој документ не само технички, туку и политички. Самиот документ е подготвен од Европската комисија во име на членките на ЕУ и овој прв драфт, кој се очекува наредните денови, ќе биде првиот тек кој потоа влегува во процедурите кај земјите членки. Тоа е документ подготвен од ЕК, усогласен од земјите членки и потоа со усвоен консензус, по неа ќе се водиме од процесот до динамиката. Ние не учествуваме во нејзиното подготвување но вообичаено е таа во одреден момент да биде достапна за нашата влада за ние да можеме да изнесеме став, но тој не е клучен за земјите членки“, објаснува Тилев.

Сите клучни елементи од новата методологија ќе бидат составен дел од преговарачката рамка, но како што вели Тилев, не се очекуваат изненадувања бидејќи македонските власти ги знаат рамките на Србија, Црна Гора или Хрватска, а тие се слични.

„Може да има одредени формулации кои би биле под притисок на некоја земја членка. Земјите членки имаат свои позиции кои ќе се обидат да ги детализираат до максимум. Како тоа ќе го направат, колку ќе успеат, тоа останува да видиме. ЕК ја лансира преговарачката рамка, а моја лична проценка е дека усогласувањето на текстот на преговарачката рамка ќе трае околу три месеци“, вели Тилев, потенцирајќи дека земјите членки нема да сакаат да влегуваат со прекомплексни формулации кои ќе предизвикуваат поголеми проблеми.

По преговарачката рамка пак, следи меѓувладината конференција, а Тилев смета дека тоа ќе се случи во текот на германското претседавање со Советот на ЕУ.

„Тоа е лансирање на официјалниот почеток на преговорите меѓу ЕУ и Македонија. И од тој момент ќе бидат отворени билатералните скрининзи. И овој период до меѓувладината конференција треба да се искористи за подготовка на тие скрининзи. Има една позитивна атмосфера во ова сивило предизвикано од пандемијата. Хрватска одлично ја одигра својата улога, меѓутоа и претседателката Фон Дер Лаен и комесарот Вархеји го направија проширувањето одлична приказна. Ние сме дел од таа успешна приказна и убеден сум дека до крајот на годината Германија ќе настојува да се случи меѓувладината конференција, која ќе биде печат на нејзиното залагање за враќање на проширувањето на агендата како стратешка определба“, изјави Тилев во Утрински брифинг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eight + six =