🎥📞 Сара Ферро: Многу е важно да се задржи континуитетот на филмските фестивали

You must need to login..!

Опис

Многу е важно при овие тешки времиња, да се задржи континуитетот кај филмските фестивали, вели во Утрински брифинг, Сара Ферро, организаторка од тимот на МакеДокс.

Секоја година филмскиот фестивал МакеДокс се фокусира на некој дел од процесот на креирање на еден филм а годианва посветата е на дизајнот на звукот.

„Првата објава за ова издание е работилница за звук со Владимир Ракиќ, кој повеќе од 15 години работи на дизајн на звук. Сакаме да им дадеме поддршка на авторите од балканскиот регион погодени потешко од пандемијата, па така преку оваа работилница ќе можат да го усовршат дизајнот на звук“, вели Ферро.

За ова 11.издание на фестивалот, се уште не се знае новиот тип на патувачкото кино коа беше планирано годинава за септември.

„Новата декада на фестивалот ја започнуваме во некоја друга димензија, во хибридна форма. Работиме онлајн работилница и дел од другите активности како форумот за копродукции ќе се одвива онлајн, а во однос на проекциите под отворено небо се надеваме дека согласно мерките ќе успееме да одржиме физички фестивал“, изјави таа, дополнувајќи дека и годинава на програмата ќе се најдат преку 60 филмови од целиот свет.

Многу е важно, вели Сара Ферро, за промоција на филмската култура и едукација да се задржи континуитетот на фестивалите и да не се одложуваат, особено при услови на пандемија кога повеќето културни настани се одложуваат или откажуваат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two + 20 =