🎥📞 Михајлов: За успешен Прајд потребна е соработка од властите

You must need to login..!

Опис

Со укинувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација, се намалија можностите да побарате заштита на своите права. Тоа е на штета на повеќе маргинализирани групи и затоа очекуваме новиот парламентарен состав веднаш по изборот и составот да го врати на усвојување и да се формира комисија за спречување и заштита од дискриминација, изјави во Утрински Брифинг, Антонио Михајлов од Субверзивен фронт.

Во времен на виртуелен прајд месец, тој вели, меѓу другото, припадници на ЛГБТИ заедницата мора да се охрабрат и гласно да говорат за себе.

„Има доста потреба од подобрување на правната рамка и во останати области. Заштита на трансродовите луѓе и зголемена видливост и охрабрување на самите лица припадници од ЛГБТИ, самите да се вклучат во активизмот. Сметајќи дека треба да се криеме, да водиме живот во четири ѕида е многу нездрава и нефункционална стратегија и Скопје прајд е токму тоа, да се охрабрат луѓето да почнат да се чувствуваат слободни и горди за тоа кои се и кого сакаат“, вели Михајлов.

Виртуелен Прајд започна во саботата со видео содржини на социјалните мрежи. Ќе трае до крајот на месецот а на 27.јуни ќе има пренос од Глобал прајд, што е замена за сите откажани прајдови, а ќе биде 24 часа во живо со содржини од сите земји од сите континенти.

„Неспоредливо е виртуелното и физичкото. Се навикнавме голем дел од нашата работа да биде преку дигиталните канали. Ограничени се правата за јавно собирање поради пандемијата па како и сите останати најдовме начин да направиме виртуелен простор каде секој може да биде свој. Намерата е да се продолжи традицијата, со оглед дека јуни е секогаш месец на гордоста“, смета Михајлов.

Според него, минатогодишниот прајд покажал дека успешен прајд има само кога има добра соработка со локалната, централната и законодавната власт, бидејќи  без нив не може да се одржи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 − nine =