🎥📞 Димовски: Незадоволство од оценките имало и ќе има, но дружењето е она што најмногу им фали на учениците

You must need to login..!

Опис

Сите знаеме дека он-лајн наставата трае веќе два месеци, така што преземени се сите препораки од МОН. Досега наставниците индивидуално, во договор со учениците и имајќи ги предвид техничките можности, организираа некои активности за учениците – задачи, есеи, плакати, видеа, наставни листови и сл. Учениците на ниво на паралелки се организирани во групи, па на овој начин класните раководители и предметните професори комуницираат со нив. Може да се каже дека учениците се информирани во најголем степен и ги реализираат барањата од наставниците, изјави за Утрински брифинг, Митко Димовски, директор на СУГС „Орце Николов“.

-Оценувањето ќе биде потешко. Мислам дека немаме комплетна слика дали учениците навистина можат да го совладаат материјалот и да ги добијат објективните оценки. Крајниот исход ќе видиме каков ќе биде. Може незадоволството ќе биде присутно, но не толку колку што на матурантите и не само на нив ,туку и на сите ученици им фали дружбата, вели Димовски.

-Имам сознанина дека амбасадите комуницираат со надлежните како да ја проверат веродостојноста на оценките и мислам дека ќе најдат начин како ќе ги рангираат учениците кои сакаат да се запишат надвор. Мислам дека ќе немаме проблем, додаде Димовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × 4 =