🎥📞„Читаме по дома“ – Актерите од Театар Кумановo и „ТРИ“ во заеднички проект

You must need to login..!

Опис

Актерите од Театар Куманово заедно во соработка со Издавачки центар ТРИ спремаат нов и возбудлив проект. Проектот носи име „Читаме по дома”, a постои можност и да добиете награда, да освоите книга. Секоја недела ќе се објавува необично читање на дел од книгите, нормално со прилагодена интерпретација од домашни услови, а вие ќе имате можност истата книга да ја добиете на подарок.

Читаме по дома на необичен начин – за вие да уживате во овие пролетни денови. Имаме 10 наслови за вас. Наскоро започнуваме со првиот. Најсреќните можат да добијат и подарок – КНИГА, подаруваме 10 возбудливи книги, порача во Утрински брифинг актерката Александра Михајловска.

Станува збор за проект кој ја таргетира младата публика, малите и младите. А е со една цел, да се мотивираат младите да читаат и да се надоградуваат – а воедно и е инспирација за самите актери – кои преку овој проект ги истражуваат можностите на дигиталните форми кои што никако не можат да го заменат театарот, но во моментов се единствен простор за комуникација со публиката. Додека чекаме да се вратиме на сцена, уживајте во нашиот нов проект, вели Михајловска.

Кратките читања ќе може да ги проследите на фан страната на Театар Куманово, како и на youtube каналот на Театарот.

Глумењето преку интернет е чудно, различно и дефинитивно не може да се спореди со глумата во живо. Но во овие лититани времиња во кои што се наоѓаме ние немаме друг начин да сме со публиката. Впрочем многу театри во светот го прават тоа, изјави за Утрински брифинг Александра Михајловска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × five =