🎥📞 Стојанова: Строги здравствени протоколи на овогодинешното „Охридско лето“

You must need to login..!

Опис

Настапите на уметниците ќе се одржуваат на Античкиот театар, предворјето на Св.Софија и Долни Сарај под строги здравствени протоколи. Ограничен број на гости, задолжително носење маска, физичка дистанца и постојана дезинфекција.На влез ќе се мери и температура на гостите, а постојано ќе се контролира и растојанието меѓу публиката.

Селекторката на музичката програма Даница Стојанова во Утрински брифинг изјави рече дека годинешнава јубилејна програма ќе содржи 26 концерти од кои два се во офф-програмата.

-Програмата има прекрасна динамика, од самиот почеток до крајот претставува една голема музичка приказна која ќе го одбележи големиот јубилеј од 60 години на фестивалот и ќе ја прослави Уметноста преку различни музички композиции. Ќе чуеме дела од најраниот барок, преку класиката, романтизмот, импресионизмот, до современите светски автори како и дела од македонското класично творештво“, изјави Стојанова.

На фестивалската сцена ќе настапат врвни имиња како пијанистите Наталија Трул од Русија, Кемал Гекиќ- САД, Фукио саксофон квартет од Шпанија, Дуо Улуџан од Турција, косовскиот гитарист Петрит Чеку, Келнскиот гудачки секстет од Германија, од македонската сцена Марија Ѓошевска, хорскиот ансамбл „Про Арс“ со маестро Сашо Татарчевски, Гордана Јосифова-Неделковска, потоа „Скопје танцов театар“ со Рисима Рисимикин, Гала оперска вечер под диригентство на Бисера Чадловска како и женскиот балетски ансамбл и оркестар од Националната опера и балет (НОБ), вечер на Музичка младина со камерниот оркестар „Саша Николовски Ѓумар како и вечер со музиката на македонскиот композитор Томе Манчев.

Драмската програма започнува еден ден по свеченото отворање, а ќе понуди театарски изведби од домашните театарски куќи. На програмата се претставите „Сестрите прозорови“ по мотиви на „Три сестри“ од Чехов коавторски проект на Сашо Димоски и Васил Зафирчев во изведба на Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ Велес, Драмски театар ја носи претставата „Чудесна терапија“ по текст на Даниел Глатауер во режија на Димче Николовски, „Човек, ѕвер и доблест“ од Луиџи Пирандело, во режија на Егон Савин – Театар Комедија, премиерата на „Полковникот Птица“ од Христо Бојчев, во режија на Андреј Цветановски во изведба на Гостиварски театар, претставата за деца на Театар за деца и младинци „Јованче и Марика“ од браќата Грим, во режија на Давор Драгојевиќ.

Целиот разговор Во Утрински брифинг со селекторката на музичката програма на Охридско лето, Даница Стојанова проследете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seven − six =